Ѓорческа почна со полесни тренинзи, со натпревари од мај?

Со раката, со зглобот сѐ е во ред, но понекогаш при бекхенд-ударите чувствувам мала непријатност, која, верувам, со текот на времето ќе ја снема. Очекувам до крајот на месецов да почнам да тренирам со полн интензитет, вели Ѓорческа Наместо за почетокот на овој месец, враќањето на терените, на официјалните турнири и натпревари, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (23) ќе мора...

Рикиардо победува само во возбудливи и неизвесни трки

Австралиецот Даниел Рикиардо, возачот на Ред бул, забележа сензационална победа на трката Формула 1 (Ф1) за Големата награда (ГН) на Кина, во Шангај, шеста за него во кариерата. Рикиардо одлично ги извози последните дваесетина круга и успеа да мине дури пет болиди пред него, откако неговиот тим Ред бул реши да направи промена на гумите. Рикиардо важи за бескомпромисен...

Јагањац го спаси Металург од пораз

Најдобриот стрелец на Металург сезонава во Сеха-лигата и во Лигата на шампиони (ЛШ), Хрватот Халил Јагањац, со гол во последната секунда, го спаси Металург од пораз во дерби-дуелот со битолски Еурофарм Работник (27-27) во мечот од 3-то коло од плејоф-завршницата во домашното првенство. Ракометарите на Еурофарм беа помотивирани и во текот на целиот меч имаа предност од два до...

По пријава за силување во воз, германската полиција проверила 750 патници

Германската полиција соопшти дека по тврдење на девојка дека била силувана во воз полн со фудбалски навивачи, ги проверила сите 750 патници од тој воз. Полицијата во градот Висбаден соопшти дека силувањето било пријавено вчера и оти 19-годишната жртва на силувањето, се симнала од возот во Флерсхајм. Возот продолжил понатаму, а полицијата ги проверувала сите патници кои излегувале од него на...

Кој е најдобар: Де Брујне или Салах?

Кевин де Брујне, Лирој Сане и Давид Силва од Манчестер сити, Мохамед Салах од Ливерпул, Хари Кејн од Тотенхем и Давид де Геа од Манчестер јунајтед се шесте кандидати за најдобар фудбалер во сезоната 2017/2018 во Премиер-лигата во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери. Како фаворити за добивање на престижното признание се сметаат Белгиецот Де Брујне, кој има одлична...

Пожар близу Сиднеј, стотици пожарникари се борат со огнената стихија

Стотици пожарникари гаснат шумски пожар што изби на периферија на Сиднеј, каде температуриата е невообичаено висока за ова време од годината, соопштија властите. Полицијата отвори истрага за причините за пожарот што изби во саботата попладне, југозападно од Сиднеј. Во пожарот изгореа 2.430 хектари шума, околните домови се евакуирани, и засега нема извештаи за жртви. Во Австралија овие денови температурата е околу 30...

Барса 39 меча без пораз!

Барселона колку-толку се рехабилитира по шокантната елиминација од Рома во Лигата на шампионите (ЛШ) со триумфот над Валенсија во дербито на 32. коло со 2-1. Со тоа Барса стана рекордер со 39 меча во низа без пораз во шпанската Ла лига, еден повеќе од Реал сосиедад (1979/1980 и 1980/1981) и е пред редок подвиг, без пораз да ја заврши...

Вардарки по петта европска титула

Ракометарките на Вардар забележаа победа во реванш-четвртфиналниот натпревар над данскиот првак Митјиланд (32-25) и обезбедија пласман на фајналфор-турнирот во Лигата на шампионките (ЛШ) во Будимпешта (12 и 13 мај). Со оваа победа „вардарки“ го обезбедија петтото учество по ред во завршницата, со што станаа корекордерки, бидејќи откако се игра, според сегашниот систем, од сезоната 2013/2014, само Вардар и Будуќност...

В година СЕХА-лигата со 12 клуба

Пред фајнлфор-завршницата, првите луѓе на регионалната СЕХА-лига на прес-конференција ги соопштија плановите и новитетите за следната сезона. Претседателот Михајло Михајловски најави намалување на бројот на натпревари, но и зголемување на екипите на 12, две повеќе од сезонава. - Седмиот фајнал-фор, на мое големо задоволство, повторно беше во Скопје. Наша цел е лигата секоја година да биде што поквалитетна и поорганизирана...

Промоција на два романа од Јагода Михајловска-Георгиева во КИЦ во Софија

Во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечер ќе биде одржана промоција на романите „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“ од познатата македонска писателка и новинарка Јагода Михајловска-Георгиева. Романите се издадени на бугарски јазик од издавачката куќа „Персеј“ и со оваа промоција во КИЦ во Софија започнуваат нејзините следни претставувања во други градови во Република Бугарија...