На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност, на настан каде што официјално ќе биде откриена новата лименка Златен Даб Limited Edition.
Новото Limited Edition издание е резултат на креативната соработка помеѓу Златен Даб и студентите од „Brainster Next“, кои преку креативен хакатон добија можност да работат на предизвик за еден од најпрепознатливите домашни брендови. Во процесот беа вклучени млади креативци од UX/UI и графички дизајн, кои за само 48 часа требаше да креираат впечатливи и јасни дизајни, верни на духот на брендот.
Од сите пристигнати решенија, дваесетина дизајни влегоа во финалниот избор, а токму на настанот публиката прва ќе го види победничкиот дизајн што ќе стане новото лице на серијата Limited Edition.
Победничкиот концепт е дело на Марко Ангеловски, студент од прва година на UX/UI и графички дизајн на „Brainster Next“, избран поради смелиот визуелен израз и автентичниот пристап кон темите на идентитет, избор и слобода на изразување.
„Дизајнот претставува свет каде што идентитетот се избира, а не се наметнува“, вели Марко за идејата на концептот.
Од бренд-тимот на Златен Даб велат дека токму свежината на пристапот и способноста дизајнот да ја долови енергијата на новата генерација, а притоа да остане препознатлив, биле пресудни во изборот.
Просторот на „Makka“ ќе биде претворен во креативна зона со изложба на финалните дизајни, визуелни инсталации и атмосфера инспирирана од естетиката на новата генерација. Посетителите ќе можат одблиску да ги погледнат сите финални решенија, но и први да ја видат новата лименка Limited Edition – момент кога дизајнот излегува од екранот и станува дел од реалната урбана приказна.
Со овој проект, Златен Даб продолжува да отвора простор за нови идеи, свеж визуелен израз и млади автори што носат поинаков поглед кон современиот дизајн и бренд-културата.
Воедно, проектот е уште еден пример за пристапот на „Brainster Next“, каде што студентите уште за време на студиите работат на реални проекти со реални клиенти и градат портфолио преку искуства што директно ги поврзуваат со индустријата.
Новата лимитирана серија на Златен Даб наскоро ќе се најде на полиците низ Македонија како доказ дека кога младите добиваат простор, доверба и вистинска можност, резултатот може да биде автентичен, свеж и препознатлив.
Комерцијална објава
































