Пендаровски: НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за Македонија

После сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој истакнува дека Македонија сега е поблиску...

Десетици уапсени по насилните синдикални протести во Франција

Француската полиција уапси 63 лица по вчерашните безредија во градовите Нант и Монтпелие, во кои беа повредени деветмина полицајци. Протестите избија поради најавената реформа на пазарот на трудот, со која претседателот Емануел Макрон се обидува да ја подобри инвестициската клима во Франција. Синдикатите го обвинуваат Макрон за намалување на работничките права, и повикаа на штрајк во повеќе индустриски дејности. Во Нант,...

Борисов утре во посета на Косово

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја го држи ротациското претседателство со Европската унија, утре ќе го посети Косово. Според бугарската новинска агенција БТА, целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на соработката во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот. Борисов ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со Наталија Апостолова,...

Кривична пријава за директор на училиште за земање поголема плата од утврдената

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ „Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци,  и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а...

Од струен удар починал 21-годишен градежен работник

Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма  Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи - истовар на цигли од товарно возило со кран.  МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот. Несреќата се случила откако  дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што Џ.В.,...

Четири жртви на големо невреме во САД

Бура ги зафати САД, предизвикувајќи најмалку четири смртни случаи во сообраќајни и други несреќи. Во јужната држава Луизијана две лица загинаа, меѓу кои и двегодишно девојче, кога големо дрво се урна под налети на силниот ветер и падна врз куќарка. Погоре на север, во државата Висконсин паднале 45 сантиметри снег, додека на езерото Мичиген брановите достигнуваат над пет метри. 

Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД

Албанија и Косово застанаа зад воздушните напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и Франција. Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници.  - Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја...

Белграѓанка одела на гости и крадела накит од куќи во Гостиварско

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против српска државјанка за која постои сомневање дека украла накит од три куќи во Гостиварско во кои била гостинка, во вредност од околу 10 илјади евра. К.З.Б. (32) од Белград на 9 април во 14 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде била на гости, одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле...

Германскиот претседател Штајнмаер загрижен од влошувањето на односите со Русија

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вчера изјави дека е загрижен поради влошувањето на односите меѓу Русија и западните земји, пред се поради труењето на агентот Сергеј Скрипал, и побара да се вложат дипломатски напори за да се поправат нарушените односи. - Настрана Путин, не можеме да ја прогласиме целата Русија, целата земја, нејзините луѓе, како непријатели, Штајнмаер изјави за весникот...

РСЕ:Извештај на ЕК предупредува за криминал и корупција на Балканот

Европската комисија во следната недела ќе објави Пакет за проширување во кој се проценува состојбата во државите кои настојуваат дса се придружат на 28-члениот блок. Радио Слободна Европа имале увид во документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур. Невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат оние што се поврзани за владеењето на правото. Организираниот криминал...