Карло Шатријан нов уметнички директор на „Берлинале“
Дитер Кослик, кој го води фестивалот од 2001 година, последните години беше цел на критичарите поради квалитетот на филмовите во главната програма. Незадоволството од неговиот мандат доживеа точка на вриење минатата есен кога 79 режисери потпишаа отворено писмо и го објавија на порталот „Шпигел“ барајќи нов почеток за фестивалот како и ангажирање „личност со извонредни организаторски способности
По долга и...
ВАР ги засени фудбалските возбудувања
На мечевите во групата Б, Португалија - Иран (1-1) и Шпанија - Мароко (2-2) имаше неколку контроверзни судиски одлуки со помош на ВАР, (пре)долго прегледување снимки и многу незадоволни
Видеоасистент-судијата (ВАР) е една од главните теми на расправа на досегашниот тек од Светското првенство (СП) во Русија. Дискусиите кулминираа по случувањата на двата меча од третото коло во групата Б,...
Приведен жител на Урошевац поради сторени кривични дела во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.А. (37) од Урошевац, Република Косово, а со постојано место на живеење во скопското село Инџиково поради постоење основи на сомнение дека во два случаи сторил три кривични дела и тоа „разбојничка крaжба“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“...
Летен фестивал на книгата на „Три“
Од вчера започна новото издание на Летниот фестивал на книгата на „Три“, под слоганот „Читај... каде и да одиш“. И овој пат фестивалот ќе се фокусира на љубителите на пишаниот збор и ќе има за цел да го промовира читањето како неизоставен дел од секое летно сценарио.
Издавачот ќе понуди богат и атрактивен избор на повеќе од 1.000 книги од...
Македонски туристи не побарале помош и не пријавиле штети по невремето во Грција
Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полуостровот Халкидики.
Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите.
Од македонското Министерство за надворешни работи засега немаат информации за евакуирани туристи и пријавени материјални штети на возилата.
Од туристичките агенции кои ги контактираше МИА информираат дека не се...
Македонската опера и балет ќе гостува во Сараево
Македонската опера и балет по покана од Сараевската филхармонија ќе гостува на меѓународниот фестивал на културата „Башчаршиски ноќи“ во Сараево, Босна и Херцеговина, кој важи за најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата во БиХ.
Фестивалот се одржува секоја година од 1 до 31 јули, а оваа година честа да го отворат фестивалот со гала-концертот, насловен „Поздрав од Скопје“,...
Кинотеката меѓу најдобрите арт-кина на блогот „Спотид бај локалс“
Кинотеката на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт-кина во Европа од блогот „Спотид бај локалс“. На блогот се објавени водичи за 71 град, кои се создадени од вистински локалци што живеат во градот за кој пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично...
Егон Шиле – богот на желбата
Родниот град на Егон Шиле, Виена, одбележува еден век од неговата смрт, со голема изложба во музејот „Леополд“. Во првата соба е изложено делото „Хермитс“ (1912), на кое две човечки фигури во природна големина, едниот несомнено Шиле, а другиот веројатно Густав Климт, стојат еден до друг. Изложбата содржи 40 слики и над 180 цртежи на хартија и се смета...
„Kindle Books” збогатена со 12 дела од Божин Павловски
Глобалната дигитална едиција „Kindle Books” на англиски јазик деновиве е збогатена со 12 романи на македонскиот писател Божин Павловски.
Тоа се дела што освоиле високи меѓународни и домашни признанија: „Gardener, Desert” („Градинар, Пустина“), „The Horn of Love” („Рогот на љубовта“), „Shadow in the Name” („Сенка во името“), „Winter in Summer” („Зима во лето“), „America, America” („Америка, Америка“), „The Beauty and...
Хаос на Халкидики – Ситонија под вода, евакуирани туристи
По поројните дождови повеќе делови од Грција се поплавени. На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, јави дописникот на МИА.
Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос се излеа од коритото.
Евакуирани се гости од неколку хотели додека десетина автомобили се оштетени.
Во делот на Ситонија кај...







































