Тепачка на новинари по натпреварот Нигерија – Аргентина
По синоќешниот натпревар на Светското фудбалско првенство 2018 меѓу селекциите на Нигерија и Аргентина (1:2), се случи инцидент во кој учествуваа претставници на медиумите.
- Еден арапскиот новинар се расправаше со својот европски колега, по што почна тепачка. Во инцидентот настрада дел од инвентарот во микс-зоната - објавија руските медиуми.
Сведок на тепачката бил и аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано.
Двајцата новинари чии...
Изложба „Килимарството во Тиквешијата“ во Музеј-галерија Кавадарци
Денеска во Музеј-галерија Кавадарци ќе биде отворена етнолошката изложба „Килимарството во Тиквешијата“ на која ќе бидат изложени дваесетина домашни изработки на килими како дел од традиционалната македонска куќа. Томе Крстевски кустос етнолог во Музеј-галерија вели дека повеќе податоци за килимарството на Балканот упатуваат на Исток од каде се смета дека се пренела оваа културна придобивка со доаѓањето на Турците,...
Зошто спортот е важен за девојчињата?
Силвија Митевска
Многу истражувања реализирани на глобално ниво укажуваат дека над 70 проценти од децата се откажуваат од организирани спортови пред да наполнат тринаесет години. Овој податок е особено алармантен за девојчињата бидејќи стапката на откажување од спорт кај нив е далеку поголема од стапката на откажување кај момчињата. Според истражувањето спроведено во Македонија, 64 проценти од момчињата спортуваат наспроти...
Ѕвездите на Реал ги постигнаа најубавите голови на СП
Меѓу десетте најубави голови во досегашниот тек од Светско првенство се издвојуваат мајсториите на фудбалерите на Реал Мадрид, Тони Крос (Германија), Кристијано Роналдо (Португалија) и на Лука Модриќ (Хрватска).
https://www.youtube.com/watch?time_continue=185&v=4EQWd-m3wXM
Меси: Не очекувавме дека вака ќе се мачиме
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, на прес-конференција по победата над Нигерија (2:1) изјави дека тој и неговиот соиграчи од репрезентацијата поминале тешки моменти на Мундијалот.
- Ни на крај памет не очекувавме дека вака ќе се мачиме да ја поминеме групата. Претрпевме ужасни моменти и кога Рохо го постигна победничкиот гол многу ми олесни. Ја контролиравме топката во првото...
Кратка анатомија на злосторството
(Рембрант: Час по анатомија)
Македонија сега, драг читателу, по оној недостоен договор за наше преименување со Грција е слична на онаа славна слика на Рембрант „Час по анатомија“, на која лекарот Тулп на насобраната љубопитна група ѝ држи час по анатомија над отворениот со скалпел труп ставен на маса во мртовечницата. Дa. Конечно Македонија и Македонците се сега како тој...
Митовите постојат за да бидат урнати
Кога ќе посетите една земја, а особено ако имате можност да бидете гости во домот на некое прекрасно либанско семејство, каква што имав јас, дури тогаш можеби ќе сфатите дека знаете сосема малку за арапскиот свет, а она што го знаете најчесто е погрешно. Дури тогаш искривената перцепција добива свој правец, а многу од митовите во вашата глава се...
Промоција на поетската книга „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски
Во Музеј на Град Скопје вечер во 20 часот ќе биде промовирана новата збирка поезија на Зоран Анчевски „Небесна пантомима“, во издание на Темплум.
Книгата ќе ја претстават писателките Оливера Ќорвезировска и Магдалена Хорват, која заедно со авторот ќе чита и дел од песните.
Зоран Анчевски (р. 1954, Скопје) е истакнат македонски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература.
Досега...
„Црвен аларм“ за лошо време во Грција
Грчките власти издадоа „црвен аларм“, предупредување за поројни дождови и силни бури, јавуваат грчките медиуми.
Лошите временски услови опфатија голем број грчки региони. Десетици куќи и автомобили се поплавени.
На Халкидики, надојдените води носеа автомобили и лежалки од плажите.
Во областа на Волос, десетици куќи беа поплавени, а пожарникарите ги спасуваа туристите.
Има поплава во предградието на Атина, Мандра, каде што водата...
САД: Сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп
Против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, тужба поднесоа 17 сојузни американски држави и дистриктот Колумбија, кои се обидуваат да ја запрат „суровата и незаконска“ политика на присилно раздвојување на имигрантските семејства, кои влегуваат од Мексико.
Во тужбата поднесена вчера во американскиот окружен суд во Сиетл, американските сојузни држави го нарекоа указот, со кој се стопираше развојувањето на семејствaта, „илузија“.
Трамп на...







































