Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ. Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци...

Рочишта за „Тревник“ и „Шпион“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“ и „Шпион“. Првообвинет во предметот „Тревник“, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, е новинарот Драган Павловиќ – Латас. Обвинети во овој случај се и Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ. Според обвинението тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право...

Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија

Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи вчера Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија. Советот на министри очекува следната година ЕК да издаде извештај во...

Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од...

Бери Гиб од „Би џис“ стана витез

Принцот Чарлс го одликуваше со титула витез највозрасниот и воедно единствен жив член на групата „Би џис“ (Bee Gees), Бери Гиб. На свеченоста во Бакингемската палата Гиб изјави дека се надева дека неговите покојни браќа Робин и Морис, преостанатите двајца членови на триото, се гордеат со него. - Да не беа моите браќа, јас немаше да бидам тука - наведе Бери...

Мундијалот предизвика недостиг на пиво во Русија

Светското првенство во фудбал и големиот број на навивачи од целиот свет, кои дневно пијат огромни количества пиво, предизвикаа недостиг на овој напиток во Русија. Прва, која уште во понеделникот испрати 20 камиони со пиво, е пивара од Австрија. - Испорачавме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија - наведено е во соопштението од пиварата.

Хелсинки можно место за средба на Трамп со Путин

Главниот град на Финска, Хелсинки е можна локација за средбата на претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави неименуван американски висок претставник. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео за време на викендот изјави дека Трамп најверојатно ќе се сретне со Путин „во не така далечна иднина“. Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон утре...

Тачи телефонски разговарал со Столтенберг за формирање косовска војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кого, како што вели, го информирал за процесот на трансформација на Заштитните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според објавата на Тачи на Фејсбук, тој и Столтенберг разговарале за потребните чекори во правец на формирањето на косовска, мултиетничка и...

Аргентинскиот херој од сенка ја искористи неочекуваната прилика

Дефанзивецот Маркос Рохо го постигна голот за пласман на Аргентина во осминафиналето на Светското првенство (СП), во победата над Нигерија од 2-1, но уште еден член на „гаучосите“ заслужува признание за добриот резултат на неговата фудбалска селекција.  Голманот Франко Армани, исто така, имаше значаен удел во триумфот, со клучна одбрана при резултат 1-1, сопирајќи го ударот на Нигериецот Одион Игало...

Границата на Јордан кон Сирија останува затворена

Јордан и понатаму ќе ја држи затворена границата кон Сирија, а Обединетите нации можат да им помогнат на Сиријците кои бегаат од насилството во јужниот дел на земјата, изјави денеска шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади. - Нема раселени лица на нашата граница, тие се движат кон внатрешниот дел на Сирија, напиша Сафади на Твитер. ОН денеска соопштија дека најмалку 45.000...