Јордан и понатаму ќе ја држи затворена границата кон Сирија, а Обединетите нации можат да им помогнат на Сиријците кои бегаат од насилството во јужниот дел на земјата, изјави денеска шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади.

– Нема раселени лица на нашата граница, тие се движат кон внатрешниот дел на Сирија, напиша Сафади на Твитер.

ОН денеска соопштија дека најмалку 45.000 луѓе побегнале поради борбите што се водат во југозападната сириска покраина Дера и оти се движат кон границата со Јордан.