Сите погледи свртени кон Сирија
САД градат коалиција за напад врз Сирија како одговор за наводниот хемиски напад. Москва предупреди за војна меѓу Русија и САД ако Вашингтон интервенира во Сирија. Двете сили и нивните сојузници го засилуваат военото присуство во регионот
Идентитетскиот пакет не е предмет на преговори
Последната рунда разговори во Охрид помеѓу шефовите на дипломатиите на Република Македонија Никола Димитриов и на Грција Никос Коѕијас, околу наметнатиот спор за името, исфрли на површина и еден нов момент за „временска одредница“ или т.н. временска клаузула, која се однесува на имплементација на евентуалното идно решение. Тоа веднаш наиде на различни толкувања кај аналитичарите и кај експертската јавност
Последната...
Туск: ЕУ е солидарна со сојузниците во Сирија
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изрази солидарност на ЕУ со САД, Велика Британија и Франција по нападите врз Сирија.
- Нападите од страна на САД, Франција и Велика Британија се јасен знак дека сирискиот режим заедно со Русија и Иран не смеат да продолжат со оваа човечка трагедија, барем не без цена. ЕУ стои со своите сојузници на...
Три настани – три поуки за премиерот
Има неколку случувања што доживуваат своевиден обрт во изминатите месеци и што имаат придонес во релаксирањето на политичката сцена во Македонија. Случувања што доведоа до ситуација да се намали, да се снижи температурата што беше крената до највисок степен на спротивни дебати и очекувања. Пресврти што го покажаа и другото лице на политиката и кои докажаа дека нештата може...
Преседан е што билатералниот проблем со Грција се врзува со препораката на ЕУ
Од самиот почеток, по распадот на Југославија, Македонија е посебен случај. Во прашање не се само интересите на Грција туку тие се многу пошироки и токму затоа ни се случуваат секојдневните голготи веќе 25 години. Важи ли меѓународното право еднакво за сите, прашуваат аналитичарите
Се наближува фамозниот 17 април, кој деновиве помпезно се наметна во јавноста како датум кога Европската...
Реакции низ светот за нападите во Сирија
Нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума, наидоа на поделни рекации во светот.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека извршените „координирани и прецизни напади“ имале за цел да го намалат капацитетот на сирискиот режим за...
Валентина Илијевска на Меѓународна ликовна колонија Египет 2018
Уметницата Валентина Илијевска од Куманово, од денеска до 25 април ќе учествува на Меѓународната ликовна колонија Египет 2018.
Колонијата ја организира Универзитетот во Миниа, а ќе учествуваат околу 25 учесници од различни држави Аргентина, Италија, Јордан, Индија и други земји.
- Чест ми е и задоволство што сум дел од оваа организација и презентер од нашата македонска уметничка сцена. Креативно ќе...
ВМРО-ДПМНЕ: Даноците собрани во првиот квартал годинава се помали од планираните
Државата тоне на економски план, а граѓаните живеат се полошо. Показател за тоа е податокот дека и даноците собрани во првиот квартал годинава се за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани. Капиталните расходи во првите два месеца се околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра, стои...
Сирија ја осуди „варварската и брутална агресија“ на западните земји
Сириските власти денеска ја осудија, како што нагласија, „варварската и брутална агресија“ на западните земји врз Сирија.
Според Дамаск, нападите што рано изутринава ги извршија САД, Велика Британија и Франција, имале за цел да ја спречат мисијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВБ), која требаше да почне денеска во Дума, со задача да утврди дали во тој град...
Поголем интерес и повисоки награди за конкурсот на фотографии „Моја скопска приказна“
На проектот насловен „Моја скопска приказна“, кој е во организација на „Стримон филм“ - Скопје, со финансиска поддршка од Делегацијата на Европската Унија и „Еуролинк осигурување“ АД Скопје, досега се пријавени повеќе од 50 учесници што ги исполнуваат условите за аплицирање. Големиот интерес беше и главна мотивација организаторите да го продолжат рокот за аплицирање и да ги зголемат вредностите...







































