Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги осуди нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и други држави, истакнувајќи дека Техеран мора да престане да ги загрозува соседите и без ограничувања да ја отвори Ормускиот Теснец.

– Нападите врз нуклеарни постројки претставуваат закана за безбедноста на луѓето во целиот регион. Не смее да има понатамошна ескалација на насилството – напиша Мерц на социјалната мрежа Икс.

Канцеларот додаде дека Иран треба да започне сериозни преговори со САД за да се смири тензијата во регионот.

Вчера, во ирански напад со дрон, во ОАЕ беше предизвикан пожар во една атомска електроцентрала, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста во регионот.