Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Шампионот на Шкотска во драматична завршница со 3-1 го победи Хартс и сега има една титула повеќе од Глазгов ренџерс

Фудбалерите на Селтик ја освоија 56-та рекордна титула во Првенството на Шкотска, а петта во низа, откако на домашен терен го победија со 3-1 својот директен ривал за титулата, тимот на Хартс во драматичен меч во последното првенствено коло. Селтик го заврши првенството со 82 бода, додека Хартс остана на 80.
Хартс поведе во 43-та минута преку капитенот Лоренс Шeнклeнд, кој остана сам на далечната статива и ја смести топката со глава во мрежата на домаќините. Арне Енгелс израмни од пенал во четвртата минута од продолжението во првото полувреме, во 88-та минута, Дајзен Маеда постигна гол за водство од 2-1, а победата и титулата во осмата минута од продолжението во второто полувреме ги завери со брз контранапад Калум Османд, кога на голот не беше гостинскиот чувар на мрежата.
Селтик обезбеди место во плејофот во Лигата на шампионите (ЛШ) со освојување на шампионската титула, со што сигурно ќе настапи во една европска лига, додека Хартс ќе ги започне квалификациите во ЛШ од второто коло. Г.И.