Вие, со изготвувањето и гласањето на договорот со Грција за наше преименување, господа, сте предавници и како такви ќе ве памети засекогаш македонскиот народ, со многу поколенија во иднината. Ќе ве памети исто како што ги памети и хероите што ги положиле младите животи за негова среќа и цивилизациска светлина. Ќе ве памети како и нив, бидејќи тоа е парадоксот на историјата: да се паметат и предавниците на родот, дури некогаш и повеќе од оние што ги дарувале својот гениј и живот за него. Таков е примерот, архетипски, на Херострат, кој за да се прослави во недостиг од друг дар го запалил убавиот храм во Мала Азија, посветен на божицата Артемида чиј генијален архитект, за жал, останал до денес непознат. Е, и вие сте херострати, господа, затоа што сега го спепелувате со геноцидна идентитетска смрт најубавиот храм што го граделе со милениуми нашите предци со име Македонија.

Еден од најубавите културно-цивилизациски храмови воопшто во светската историја и цивилизација. Многу сте силни. Како Херострат сте пиромани, поседувате многу оган, еден од најмоќните симболи на животот. Но и на смртта. Да. И вие, македонски херострати, во овој драматичен миг за македонскиот род, одродници, се послуживте штедро со огнот на смртта. Тој што твори не дом, семејство, топлина, божја стреа, туку пепел, смрт, заборавајќи дека сепак македонската колективна душа ја поседува божествената моќ на птицата феникс да се крева повторно огнено од пепелта. Бидејќи, како што рече поетот, „што е пепелта освен оган што спие“. Ние би додале, и што се буди и обновува, што легнува во лежиштето на огништето околу кое се грешат поколенијата на родот, и во бакнежот на љубовниците што го зачнуваат и донесуваат него на свет, бранејќи го од херостратите, сејачи на идентитетската смрт какви што сте вие, господа, што ја ставате Македонија во мртовечницата и на мртовечка постела.
Мавтате со ЕУ, која се распаѓа (пример англискиот брегзит и уште многу други факти) и со НАТО, кое го поддржа албанскиот тероризам над Македонија во 2001-та, која ја бомбардираше Србија за да создаде нова држава во неа, а смртоносниот ураниум (како што го крстиле деминутивно: сиромашен) го чувствуваме и ние Македонците. Покрај тоа, НАТО како воена експозитура, пред сѐ, на модерната римска империја Америка спепели, за да им ги исцица крвта, нафтата и другите материјални ресурси на цели држави и народи: Ирак, Либија, Авганистан, Сирија.

Неговиот план подготвен од ЦИА со Македонија е божем поцивилизациски: идентитетски геноцид, смрт, која е како што велат сите антрополози, најстрашната од сите видови смрт. Јасно ли ви е тоа, вам што кревате со таква леснотија два прста за тој вид страшна смрт на Македонија и на Македонците господа предавници. Квислинзи од најдолен вид. Немате ни совест (свест за себе), ни дух (ум), ни душа (чувство). Некој страшен душевен и ментален кусок. И нашето прашање: како ќе ги погледнете в очи, на пример, ако во сон ви се појават Јане Сандански, Гоце Делчев, Димитар Поп Георгиев Беровски, Илија Мустраќински познат како Дедо Иљо Малешевски, Димитрија Чуповски и многу други што гореле и умирале за Македонија и ве прашаат што сторивте, зошто ги испоганивте нивните идеали и гробови што се големи светилници на македонското име. А вашите гробови, што ќе бидат тие? Сте се запрашале ли? Ќе бидат срам и презир, во море од плуканица. Ќе ги презираат и плукаат и вашите освестени внуци и правнуци. Тоа ќе бидат. Ништо друго.
Бидете здрави и живи, оти животот секому му е подарен од Господ, а друга работа е како секој од нас ќе го искористи него, за зло или за добро, за љубов или за омраза, за подлост или за доблест. А вие за што го употребувате вашиот живот, господа? За подлост и за предавство на својот народ! Се испоганивте на она што му е најсвето, на неговото име.

Ова соопштение на „Македонски манифест“ е упатено и до сите правдољубиви, чесни и храбри Македонци, кои покрај другите народи (од антиката космополити) си го сакаат и својот род, тука во татковината и по сите континенти на овој свет, распрснати и како резултат на многуте геноциди од соседите и „цивилизирана“ Европа врз нив. А сега на овој најнов идентитетски геноцид врз него му кумувате директно вие, изроди и предавници. Но нема да ве одмине судот на народот што го внесувате во идентитетска мртовечница. Нема! Еве ве по име и презиме, на увид на целокупниот македонски народ, тука и насекаде во светот. Од вас, гнили тули, се крева новиот монументален ѕид на срамот, идентитетското предавство, и на новата македонска голгота. Нека ви е на здравје виното што го обесветивте и пиете, и нека ви е срам лебот што го јадете и што ви го дава за дебело да се гоите од сиромаштијата овој настрадан народ!

(„Македонски манифест“)