Фото: Принт-скрин

Обидот за апсење на демонстрант на протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети во Охрид, заврши со судир помеѓу полицијата и незадоволните граѓани.

Маж кој фрли со предмет кон терасата каде е сметен бугарскиот клуб и каде има гости присутни на свеченото отвoрање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите полицијата се откажа од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Протестот започна пред половина час, а има и големо полициско обезбедување.