Фото: Пиксабеј

Ултрабогати инвеститори, меѓу кои се и Лери Елисон и Опра Винфри, купија големи имоти во американската држава Хаваи. Опра Винфри пред една година купи 344 хектари земјиште на островот Мауи за 6,4 милиони долари. Таа веќе поседува 518 хектари земјиште на островот. Нејзиниот имот се протега низ зелените ридови, сè до шумскиот резерват на падините на вулканот Халеакала.
– Месото изгледа како Шкотска, само што времето е добро – вели нејзиниот менаџер на имотот, Боб Грин.
Винфри живее на Хаваи околу четири месеци годишно, а пред дваесет години купила ранч на Мауи. Нејзината земја не беше зафатена од страшните пожари што го опустошија Мауи минатиот август, при што загинаа сто луѓе и изгореа 2.680 хектари земја. По пожарот на преживеаните таа заедно со актерот Двејн Џонсон ја основаше фондацијата „Народен фонд на Мауи“ во кој лично донираше 25 милиони долари за реконструкција на островот по пожарот.
Пандемската експлозија на пазарот на луксузни недвижности дополнително ги зголеми цените, но и тензиите меѓу жителите на Хаваи и богатите земјопоседници од другите држави. Минатата недела дури беше предложен закон со кој ќе се спречат странците да купуваат земјиште на островите.
Најбогатите Американци со години купуваат земја на Хаваите, но никој не знае точно колку поседуваат. „Форбс“ со месеци копаше по документите за шесте најголеми хавајски острови. Резултатите се неверојатни: 37 отсто од милијардерите поседуваат најмалку 88 илјади хектари. Тоа е 5,3 отсто од вкупната површина на Хаваите и 11,1 отсто од земјиштето што не е во сопственост на државата. Бројките се веројатно уште поголеми ако се земе предвид колку далеку овие милијардери се подготвени да одат за да го скријат сопствеништвото на своите имоти.
Вупно 37 луѓе, кои сочинуваат само 0,003 отсто од вкупното население на Хаваите (1,4 милиони), поседуваат 11 отсто од приватното земјиште на островите.
Меѓу нив е и извршниот директор на „Сејлсфорс“, Марк Бениоф, кој за првпат ги посети Хаваите во 1974 година, даде 100 милиони долари за добротворни цели во државата, а во декември, заедно со неговата сопруга Лин, донираше 114 хектари земја за изградба на станови со пристапни цени.
– Чувствувам силна духовна врска со Хаваите. Длабоко ги разбирам луѓето на Хаваите и духот на островите, она што ние го нарекуваме „алоха“ – вели Бениоф.