Фото: Пиксабеј

Во декември 1991 година, градоначалникот на повторно обединетиот Берлин одлучи дека е време да се отстрани статуата на Ленин од нејзината масивна столбна плоча. Две децении претходно беше откриена огромната скулптура висока 19 метри, по повод стогодишнината од раѓањето на советскиот лидер. Таа се наоѓаше на Ленинплац, во срцето на главниот град на Германската Демократска Република. Но изведувачите не можеле да го отстранат бетонот, кој се покажал премногу тврд, па морале да го скршат на 129 дела. Од огромната статуа е зачувана само главата на Ленин од четири тони, која била фрлена во јама, а денес е една од најголемите атракции на постојаната поставка, која е поставена во поранешниот арсенал на тврдината „Шпандау“ на периферијата на Берлин.
Под името „Непокриени: Берлин и неговите споменици“, на изложбата се претставени стотина јавни споменици што некогаш биле лоцирани во тој град, но поради политичките превирања во 20 век, новите власти ги отстраниле од јавните простори, сметајќи ги за проблематични потсетници на едно не толку славно минато. Накратко, станува збор за статуи што веќе никој не ги сака.
– Музејот нуди можност да се соочите со големите симболи на Германската Империја, Вајмарската Република, националсоцијализмот и ГДР, кои требаше да бидат закопани и заборавени, а сега имаат нова функција како сведоштва на германската историја. Наместо да предизвикуваат почит, тие ги прават историските настани опипливи во вистинската смисла на зборот. Нивното допирање во музејот е дозволен во повеќето случаи – пишува на веб-страницата на музејот, која ги повикува децата слободно да се искачуваат на главата на Ленин.
Поставката е придружена со мапа на која се гледа каде првично се наоѓале спомениците. Многу од нив биле изложени околу централниот парк во Берлин, „Тиергартен“, меѓу нив се статуите на Фридрих Вилхелм Трети и неговата сопруга, кралицата Луиз, која е единствената женска статуа, тука се мислители како Имануел Кант и натуралистот Александар фон Хумболт.
Изложбата е отворена пред осум години, но очигледно малкумина знаат за неа.