Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

На еден или на друг начин, вишокот сјај може да додаде волумен на вашето лице што е непотребно во овој случај. Затоа чистата естетика, која подразбира светла и сјајна кожа, не е за девојки со пополни образи. Подобро е да се одлучите за матирана кожа, без сјај на лицето.
Истакнете ги очите! Наједноставната техника за да го направите вашето лице да изгледа послабо е да ги истакнете очите. Ако мислевте дека опсесијата со трепките „пајак“ повеќе не е во мода, осмелете се да ја вратите.
Светлите и добро дефинирани веѓи се апсолутно неопходни за ефектот на послабо лице. Запомнете дека сите хоризонтални линии го прават лицето пошироко. Тоа значи дека веѓите треба да имаат мал лак. Нежно цртајте со молив, создавајќи малку подигната веѓа. Изберете нијанса малку потемна од природната. Ширината е исто така важна. Избегнувајте тенки веѓи бидејќи тие прават да изгледате постаро. Од друга страна, премногу густите веѓи не се добро решение. Ја бараме „златната средина“.
Оние со полно лице е подобро да избегнуваат нанесување руменило. Ова може да направи вашето лице да изгледа уште позаоблено. Ако имате сува кожа, крем-руменилото ќе ви помогне, а ако имате мрсна или комбинирана кожа, користете само производи во мат-нијанса.
Едно од златните правила кога станува збор за шминка за пополни образи е да се фокусирате на очите. Тоа значи дека при изборот на кармин треба да се избегнуваат заситените нијанси. Премногу темнокафеава или популарната цреша црвена ќе ги направи усните визуелно тенки, што само ќе ја нагласи полнотијата на лицето. Нежно розов кармин во природна нијанса или проѕирен сјај е она што ви треба.