Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција најавија филмска гала-вечер, во знак на отворање на Месецот на франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“. Филмот беше прикажан во киното „Милениум“.
Настанот го отворија неговата екселенција г. Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка што живее и работи во Париз.
Филмот е во француско-белгиска копродукција, дело на Тран Ан Хунг, со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже.
Филмот е номиниран за 3 „цезари“ во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.
Според критиките на француските медиуми, „Страста на Доден Буфан“ е создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвење и свесната дегустација.
– Филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Снимен со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо што ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега. Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку приготвување оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во кој забавното преминува во суштинско – пишуваат француските медиуми.