„Предметот на љубовта“ од писателката Една О’Брајан е објавена во рамките на проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ што издавачката куќа „Артконект“ од Скопје го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

– Богатството на темите во „Предметот на љубовта“, начинот на кој се градат ликовите, разноликоста на стилот и јазикот и социјалната критика, која варира од хумор до трогателни сцени, го докажуваат мајсторството на Една О’Брајан во жанрот на расказот, потврдувајќи ја како една од најзначајните современи писателки од англиското говорно подрачје.

Една О’Брајан ги оплакува страдањата на нејзините ранети жени и истовремено ги слави нивната бујност, нивната дарежливост и, конечно, нивниот непоколеблив дух. Таа е, едноставно, една од најдобрите писателки на нашето време – пишува Џон Банвил во предговорот на книгата.

Една О’Брајан (1930) е една од најзначајните и најпреведувани современи ирски авторки. Добитничка е на наградата на ирскиот ПЕН, медалот „Улис“, наградата „Френк О’Конор“ за најдобар расказ, наградата „Дејвид Коен“, наградата „Набоков“, како и на низа други значајни меѓународни признанија.

Преводот на македонски е на Ацо Пероски.