Во следните неколку декади, постои зголемен ризик за земијте од Источниот Медитеран и Грција да започнат процеси со кои тие ќе се претворат во пустини, информираат климатските експерти, а пренесе грчкиот „Катимерини“.

Првиот човек на Истражувачкиот центар за атмосферска физика и климатологија, Христос Зерефос, смета дека на околку 30 отсто од Грција и се заканува процесот на претворање во пустина поради големите суши и недостаток на вода.

Тој смета дека почвата ќе биде толку еродирана што би ја изгубила својата плодност, а со тоа природниот свет би изумрел. Зерефос додава дека заканата постои за поголеми региони во кои има сè помали количества на дожд на годишно ниво и екстремни временски услови како поплави и суши.

Регионите кои се под најголема закана се источен Пелопонез, источна централна Грција, северниот дел на Грција и Тракија, Егејските Острови и делови од островот Крит.