Досега на европските првенства Македонија освои вкупно 16 медали (десет каратисти и еден ката-тим), од кои по три златни и сребрени и 10 бронзени. Најуспешни се Павлов, со по две злата и бронзи, Илиевска со по еден златен и сребрен медал и Јакупи по еден сребрен и бронзен медал

КАРАТЕ – ПО ОДРЖАНИОТ ПЛЕЈОФ-ТУРНИР, ПОЗНАТИ СЕ УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕП 2023

Познати се сите учесници на претстојното Европско првенство (ЕП) во карате за сениори годинава во шпанскиот град Гвадалахара (22-26 март), предводени од селекторот во борби Александар Кумановски и во кати Стојан Андриевски. Боите на Македонија ќе ги бранат победниците на плејоф-турнирот, кој се одржа викендов во Скопје. Победниците се истите како и на неодамна завршеното Првенство на Македонија, со тоа што во категоријата до 50 кг во борби, прва е Теодора Цветковска од Вардар.
– Натпреварувачите ја покажаа моментната форма, а сега ќе следуваат подготовки и кревање на формата на што е можно повисоко ниво. Целта на ЕП ќе ни биде постигнување висок резултат и со тоа уште еднаш да ја израдуваме македонската спортска јавност со убави вести. Да потсетам само на двата големи резултати од последното ЕП во Газијанатеп, Турција, во 2022 година, кога во борби Петар Спасеновски го освои бронзениот медал, а Вероника Костовска беше петтопласирана – ни изјави Кузмановски.
Досега на европските првенства Македонија освои вкупно 16 медали (десет каратисти и еден ката-тим), од кои по три златни и сребрени и 10 бронзени. Најуспешни се Емил Павлов, со по две злата (во 2014 и во 2018 година) и бронзи, Наташа Илиевска има по еден златен (2011 г.) и сребрен медал и Берат Јакупи по еден сребрен и бронзен медал. Г.И.


РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НА ЕП 2023

ЖЕНИ (борби): Теодора Цветковска (категорија до 50 кг, од Вардар), Јована Георгиева (до 55 кг, Олимпик спорт), Вероника Костовска (до 61 кг, Олимпик спорт), Ангела Мојсовска (до 68 кг, Макпетрол), Бојана Манева (над 68 кг, Штип). МАЖИ (борби): Фахик Фесели (до 60 кг, Олимпик спорт), Емил Павлов (до 67 кг, Штип), Петар Заборски (до 75 кг, Макпетрол), Петар Спасеновски (до 84 кг, Макпетрол), Стефан Стојановиќ (над 84 кг, Макпетрол). ЖЕНИ (ката): Мартина Арсовска (Гладијатор), МАЖИ (ката): Кристијан Бајовски (Фунакоши Гичин).


МЕДАЛИСТИ ОД ЕП

ГОД. ОСВОЈУВАЧ МЕДАЛ
2005 ката-тим бронза
2007 Иво Цветковски сребро
2007 Сaшко Арсовски бронза
2008 Ардита Исени бронза
2009 Наташа Илиевска сребро
2010 Огнен Груевски бронза
2011 Наташа Илиевска злато
2013 Берат Јакупи бронза
2014 Емил Павлов злато
2015 Мартин Несторовски бронза
2016 Емил Павлов бронза
2017 Берат Јакупи сребро
2017 Јована Георгиева бронза
2018 Емил Павлов злато
2019 Емил Павлов бронза
2022 Петар Спасеновски бронза