OДБОЈКА
По десетдневна интензивна физичка подготовка, машката одбојкарска репрезентација на Македонија (до 20 години) влегува во втората фаза од темпирањето на формата на подготовките во Крушево, а за Зонските квалификации за Европското првенство (ЕП) 2027, односно се започнува со воигрување на тимот. Селекторот Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески работат во одлична атмосфера.
– Засега подготовките течат според договореното. Во првиот дел одработивме физичка и техничка подготовка и сѐ помина во најдобар ред. Добија момците ден и половина за одмор и од завчера почнавме со воигрување на поставата. Поголем дел од играчите беа и во екипата што настапи на ЕМОФ во Скопје лани и познат им е системот. Времето што го имаме ќе го искористиме максимално за што подобра тактичка подготовка – вели Шапе, пренесе Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Младинците ќе имаат силна конкуренција во Зонските квалификации, кои од 25 до 29 август се играат во Софија (Бугарија), каде што, покрај домаќинот, ќе се соочат и со мошне силните селекциите на Србија, Турција, Русија и на Белорусија. Г.И.


































