Во шестиот и крајно возбудлив меч, Бостон на гости го совлада Мајами со 104-103, со поени со звукот на сирената, израмни на 3-3 по негативата со 0-3 во оваа финална серија во Источната конференција и избори т.н. мајсторка, на домашен терен, утре рано наутро

КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Екипата на Бостон се стекна со можност да стане првиот тим во историјата на плејофот од шампионатот во кошаркарската НБА-лига кому успеало да ја надомести негативата од 0-3 и да се пласира во следната фаза, ако успее да слави во последниот, седми меч од финалето на Источната конференција во НБА-лигата сезонава, со тимот на Мајами, закажан за утре рано наутро, во Бостон.
Во Мајами, најтрофејниот клуб во историјата на НБА-лигата, кој заедно со Лос Анџелес лејкерс има по 17 титули, во драматична и крајно возбудлива завршница славеше со 104-103 (34-29, 23-24, 22-19, 25-31) и е на прагот да биде првак на Источната конференција, откако Дерик Вајт, буквално со звукот на сирената, постигна кош по една одбиена топка по шут за три поени, за големо славење на гостински терен.
– Без разлика дали игравме добро или лошо, загубивме. Ќе направиме сѐ што е потребно за да победиме. Не ме интересира што може да се случи, оти ние одиме таму за да победиме – изјави ѕвездата на екипата на Мајами, Џими Батлер.
Најефикасен во победничкиот состав беше стандардно Џејсон Тејтум, со 31 поен, а го следеа Џејлен Браун со 26 и Маркус Смарт со 21. Кај поразените, Батлер уфрли 24, а Кејлеб Мартин 21 кош.
Седмиот меч или т.н. мајсторка се игра во вторник наутро (2.30 ч.) во Бостон, а победникот од овој маратонски двомеч во големото финале ќе игра со Денвер (победник на Западната конференција), кому ова му е прво финале во трката за шампионскиот прстен. Г.И.