Светската скијачка федерација (ФИС) ги најави првите ФИС-игри во 2028, со официјалниот почеток на прием на кандидатури за организација на новото скијачко натпреварување, своевидно снежно планетарно првенство. ФИС-игрите ќе бидат најголеми од сите снежни спортски настани, ќе траат 16 дена, на нив ќе биде претставен целиот спектар таленти во снежни спортови и од олимписките и од неолимписките спортови, и тоа од алпско скијање до слободен стил, фриски и сноуборд и нордиски дисциплини, од телемарк до брзо скијање и фрирајд, а најголемите светски спортисти ќе ги покажат своите таленти пред глобалната публика, пишува ФИС. Амбициите за ФИС-игрите се огромни, треба да се одржуваат секои четири години, целта е да се создаде возбудливо искуство за гледачите и за спортистите на терените и возбудлива и богата програма со настани за посетителите. Н.М.