Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожари во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, во координација со надлежните грчки власти, семејствата биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи.
Од МНРиНТ повторно апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса [email protected].
Помош може да се побара и на дежурните телефони на Конзулатот на Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.
Од Министерството ги повикуваат македонските државјани во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат сите упатства и насоки на надлежните локални власти.
































