Зенит – Барселона, ЦСКА – Фенербахче, Анадолу Ефес – Реал Мадрид и Армани Милано – Баерн, се двојките денеска и утре во првите мечеви од четврт-финалето на кошаркарската Евролига сезонава. Серијата се игра до три победи. Тоа е епилогот по одигрувањето на регуларниот дел на сезоната, во кој настапија 18 екипи, а најдобрите осум се пласираат во плејофот.
Досега европската титула во кошарка ја освоиле 21 клуб (од Италија најмногу, седум), од 12 земји. Најуспешен клуб е Реал Мадрид со 10 титули. Актуелен шампион од 2019 година е ЦСКА Москва, кога ја освои осмата европска титула. Лани поради пандемијата на коронавирусот ова клупско натпреварување беше откажано.


Во арената „Ланксес“ годинава ќе се прогласат два европски шампиона

Фајналфор-турнирот во кошаркарската Евролига годинава треба да се игра во арената „Ланксес“ во германскиот град Келн. Арената е отворена во 1998 година и е со капацитет од 18.500 гледачи за хокеј, 19.500 за ракомет 20.000 за време на концерти. Во таа арена од 2010 година се игра и фајналфор-турнирот во ракометната Лига на шампионите, што значи дека годинава во таа арена ќе се прогласат европски прваци во два големи екипни спорта, во кошарка (фајналфор-турнир од 28 до 30 мај) и во ракомет (фајналфор-турнир на 12 и на 13 јуни).


ЕВРОЛИГА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Анадолу Ефес – Реал М. 19 ч.
Армани Милано – Баерн 20.45
ЦСКА Москва – Фенер. утре, 19 ч.Барселона – Зенит утре, 21 ч.

се игра до три победи, фајналфорот е во Келн од 28 до 30 мај