Ајде да видиме…

Олимписките игри востановени во 776 година пред новата ера во Античка Грција, траеле три дена. Меѓу дисциплините за натпреварување биле: трки со коњи и двоколки, три боречки дисциплини (бокс, борење и исклучително агресивната игра панкратион), четири натпревари во трчање (на 200 и 400 метри, на долги патеки и трка под оружје). Имало и трчање со пентатлон (фрлање џилит и диск, скок во далечина, трка на 200 метри и борење).
Постоеле две натпреварувачки категории – за мажи и за младичи, освен за пентатлон, каде што учествувале само возрасни натпреварувачи.
Спортистите се натпреварувале голи, а веќе тогаш Игрите привлекувале и по 50.000 гледачи.