13 возачи приведени поради безобѕирно управување со моторни возила, информират од МВР
На подрачјето на целата држава, полициските службеници вчера лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила - информираат од Министерство за внатрешни работи на Македонија, пренесе МИА.
Четири од возачите од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале под дејство на алкохол. Шест други возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга управувале возило без возачка дозвола,...
Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие, три лица приведени, информираат од МВР
Во изминатите 24 часа на подрачјето на повеќе градови во Македонија се евидентирани седум пријави за семејно насилство, а три лица се лишени од слобода - информираа од Министерство за внатрешни работи на Македонија, пренесува МИА.
Според информациите од полицијата, во село во струмичкиот регион, полициски службеници од СВР Струмица привеле 34-годишен маж и 29-годишна жена. Жената претходно пријавила дека...
Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи е во добра здравствена состојба, изјави Арагчи
Шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, изјави дека новиот врховен лидер на земјата Моџтаба Хамнеи се наоѓа во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во државата.
Арагчи нагласи дека Иран ги поздравува сите регионални иницијативи кои би можеле да придонесат за праведен завршеток на војната, но додаде дека во моментов не постојат конкретни предлози или иницијативи на...
Азир Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредените, охрабрувачки е што повторно се активни во спортот
Повредените млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска учествуваа на кошаркарски натпревар, кој беше организиран како дел од активностите за одбележување на годишнината од трагедијата. На отворањето на настанот присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани Катерина Паниќ-Мирчовска.
Министерот Алиу истакна дека Владата организира повеќе настани во рамките на одбележувањето на...
Иранска револуционерна гарда се закани со атентат врз Бенјамин Нетанјаху
Иран упати закани кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху - објавија иранските државни медиуми.
Според полуофицијалната новинска агенција „Мехр“, Иранската револуционерна гарда соопштила дека ќе продолжи да го „гони и ќе го убие со сила“ израелскиот премиер.
Во соопштението се наведува и дека во рамки на 52-от бран напади биле погодени цели на територијата на Израел, како и три американски воени бази...
Не ни е потребна помош од Володимир Зеленски во справувањето со дроновите од Иран Преработен текс, изјави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД не им е потребна помош од Украина во справувањето со иранските беспилотни летала на Блискиот Исток.
Во интервју за „Ен-би-си Њус“, Трамп порача дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „последната личност“ од која Вашингтон би побарал помош.
Тој не потврди ниту демантираше дали американските власти ја прифатиле понудата од Украина за споделување технологија...
Управа за јавни приходи и бизнис секторот заеднички против сивата економија
Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се клучни за создавање здрава и одржлива економија, беше истакнато на средбата на тема „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“, организирана од Управа за јавни приходи преку Советот за даночна усогласеност. На настанот претставници на институциите и бизнис заедницата разговараа за конкретни мерки и партнерски пристап во намалувањето на сивата економија.
Средбата претставуваше платформа за...
Засега нема услови за договор со Иран за завршување на конфликтот, изјави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во овој момент не е подготвен да постигне договор со Иран за завршување на војната - јави ДПА.
Во изјава за „Ен-би-си“, Трамп посочи дека Техеран покажува интерес за договор, но според него условите сè уште не се доволно прифатливи.
-Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè...
Напад со нож во Линц: еден пешак убиен, друг тешко повреден
Двајца пешаци вчера биле нападнати со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегнал на повредите, а другиот се здобил со тешки повреди, соопшти полицијата - пренесе ДПА.
Според локалните власти, осомничениот за нападот бил уапсен кратко време по инцидентот.
Мотивот за нападот засега не е познат, а полицијата најави дека во текот на денешниот ден ќе објави повеќе...
Силјановска Давкова: Ништо не може да ја намали болката на семејствата што ги загубија своите најмили
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, која се одржа денеска во Скопје во организација на Влада на Македонија.
Силјановска-Давкова истакна дека трагедијата во Кочани останува длабока рана и траен потсетник за потребата од одговорност, подготвеност и солидарност при справување со кризни ситуации. Според неа,...







































