Трагедијата покажа дека здравствениот систем може да функционира, изјави Д-р Синиша Стојановски
Големата трагедија во Кочани, и покрај болката и загубите, покажа дека здравствениот систем во државата може да функционира со сите свои капацитети кога е најпотребно. Ова го истакна д-р Синиша Стојановски, нагласувајќи дека од настаните мора да се извлече поука за понатамошно зајакнување на системот.
Тој посочи дека координацијата меѓу здравствените установи, брзата мобилизација на медицинските тимови и подготвеноста на...
Канада и нордиските земји ќе ја зајакнат соработката во воената индустрија
Премиерите на Канада и петте нордиски земји – Норвешка, Шведска, Данска, Финска и Исланд – на состанокот во Осло постигнаа договор за продлабочување на соработката во воено-индустриското производство, со цел зајакнување на колективната одбрана, безбедноста и отпорноста на нивните држави.
Во заедничката изјава по средбата се наведува дека шесте држави ќе продолжат да обезбедуваат економска, цивилна, воена и хуманитарна поддршка...
Штипската болница во шест часа згрижи над 120 повредени од пожарот во Кочани, изјави Захариев
Клиничката болница во Штип, како најголема регионална здравствена установа во источниот дел од државата, го презела првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа примила околу 120 до 130 повредени. Ова го изјави директорот на болницата, Влатко Захариев, на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.
Тој посочи...
Преговорите за Украина се во застој поради други приоритети на САД, изјави Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека преговорите поврзани со војната во Украина моментално се во застој, бидејќи САД се фокусирани на други приоритети, особено на конфликтот на Блискиот Исток.
– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо - изјави Песков.
Тој оцени дека европските држави прават грешка со тоа...
Брзата тријажа беше клучна по трагедијата во Кочани, изјави Д-р Ѓорѓиевска
Брзата тријажа, навремената проценка на изгорениците и итниот третман биле од клучно значење за згрижувањето на повредените во првите часови по трагедијата во Кочани. Ова го истакна директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Ѓорѓиевска, на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.
Таа посочи дека веднаш...
Брзата реакција и тимската работа беа клучни за спасување на повредените од пожарот во Кочани, изјави Д-р Елизабета Обочки
Брзата медицинска реакција, координацијата меѓу здравствените тимови и поддршката од институциите биле клучни во спасувањето на повредените по трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Ова го истакна д-р Елизабета Обочки, пластичен и реконструктивен хирург на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“, што се одржа во...
Во најтешките моменти тимот на Клиниката за анестезија и интензивно лекување функционираше како едно, изјави Д-р Марија Срцева
Речиси една година по трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, сеќавањата и емоциите сè уште се силни, а болката тешко се преточува во зборови. Ова го истакна д-р Марија Срцева, анестезиолог во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, која се обрати на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“, одржан во рамки на Меѓународната...
Кочани никогаш нема да ја заборави помошта по трагедијата во „Пулс“, изјави Владко Грозданов
Граѓаните на Кочани денеска им оддадоа благодарност на лекарите, медицинските тимови од земјата и странство, волонтерите, хуманитарците, амбасадите и државните институции кои учествуваа во спасувањето и лекувањето на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи пред една година, пренесе МИА.
На централниот настан „Кочани ви благодари“, организиран по повод годишнината од трагедијата, градоначалникот на општината Владко Грозданов одржа...
Пожар над Душегубица: огнот се шири на Бистра
Пожар избувна на планината Бистра, во реонот на кичевското село Душегубица. Огнената стихија зафати ниска вегетација и дел од шумскиот појас на непристапен терен над селото.
Според првичните информации, пожарот бил забележан и пријавен од локалните жители, по што на терен интервенирале пожарникари и други служби. Поради конфигурацијата на теренот и сувата вегетација, огнот се проширил кон повисоките делови на...
Скопјанец нападнат во подземна гаража, едно лице било вооружено
Триесет и седумгодишен маж од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица во подземна гаража на подрачјето на Центар. Според пријавата, тројца од нив го нападнале физички, додека едно лице било вооружено со огнено оружје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот се случил на 14 март околу 19 часот, а пријавата била поднесена во...







































