Обезбедени се средства за споменик на гробот на Есма Реџепова
Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена.
- За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за јавни простори. Министерството за култура...
Македонска Aлијанса бара референдум за преговорите за името
Во врска со ставот на Грчката Влада дека Премиерот Зоран Заев и Светиот Синод на МПЦ побарале од Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со бришење на името Македонија да биде признаена автокефалноста Охридската Архиепископија, претседателот на Македонска Aлијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, упати реакција преку соопштение.
- Македонската Алијанса сака да верува дека Светиот Синод на МПЦ-ОА не влегол во некаква...
Шекеринска: Нејасно е зошто досега повредите на војниците не биле пријавувани
Од почетокот на годината имавме три случаи кога професионални војници или подофицери беа повредени при изведување вежби и тоа не е бројка која отстапува од стандардите, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Одговарајќи на пратеничко прашање, Шекеринска истакна дека се уште е нејасно зошто голем дел од повредите во минатото не биле пријавувани.
- Многу често се случувало и...
Шпанските социјалисти бараат поддршка за уривање на владата на Рахој
Шпанските социјалисти се обидуваат да ги убедат помалите партии во Парламентот на Шпанија, да го поддржат нивниот предлог за изгласување недоверба на конзервативната Влада на премиерот Маријано Рахој.
Лидерот на социјалистите Педро Санчез вети дека ако падне Кабинетот на Рахој и ако тој формира нова Влада ќе го задржи неодамна донесениот национален буџет, кој вклучува значителни поволности за баскиските националисти...
„Лето без пожари-2018“ во Општина Кичево
На барање на Подружницата на македонски шуми „Лопушник“-Кичево, а во соработка со полициската станица од овој град, денес се одржа состанок на сите структури од општина Кичево, за превенирање и заштита од пожари во претстојниот период.
Покрај претставниците од шумското стопанство и полицијата, на состанокот беа присутни и претставници од ДЗС, ЦУК, Општина Кичево, ТППЕ-Кичево и други. Во текот на...
Судбината на Алис Мари Џонсон ја одведе Ким Кардашијан до Трамп
По повеќенеделни преговори со претставниците од Белата куќа, Ким Кардашијан денеска го посети Доналд Трамп во овалниот кабинет, со барањето за ослободување на 63-годишната Алис Мари Џонсон од затвор, пишува „Бизнис инсајдер“.
Посетата уследи откако познатата телевизиска ѕвезда ја упати нејзината молба до зетот на Трамп, Џаред Кушнер, минатиот месец. Кардашијан се надева дека американскиот лидер ќе покаже милост кон...
Република Илинденска Македонија е минато
Премиерот Зоран Заев истакна дека за предлогот Република Илинденска Македонија, во спорот за името со Грција, веќе нема да се дебатира, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Одговорот на Заев уследи по барањето од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тој да каже какви можни предлози за имиња на Македонија прифатил, да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за употреба и внатре и надвор...
Трамп го очекува писмото од Ким Џонг-ун
Преговорите со Северна Кореја во Њујорк беа многу позитивни, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и додаде дека делегацијата од Пјонгјанг утре ќе го посети Вашингтон и ќе му достави писмо испратено од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
- Се радувам на откривањето на содржината на писмото, изјави Трамп, наведувајќи дека се надева оти ќе се сретне со Ким на 12 јуни.
Американскиот...
Апостолскиот егзархат во Македонија стана Епархија
Папата Франциск го воздигна во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица - Скопје“ досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, воспоставен во 2001 година.
Веста за чинот на воздигнувањето, како што информира Епархијата, е објавена денеска напладне во Ватикан, како и во Република Македонија од апостолскиот нунциј Монс. Анселмо Гвидо Пекорари.
За прв епарх на новооснованата Епархија е именуван досегашниот...
Бурата Алберто одзема животи во САД
Најмалку две лица загинаа при лизгање на земјиштето во американската сојузна држава Северна Каролина, со што бројот на жртви во несреќи предизвикани од невремето неделава, се искачи на четири. Свлечиштето е предузвикано од суптропската бура Алберто што го погоди југоисточниот дел на САД.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека поради обилните дождови продолжува надзорот на четири брани.
Поради бурата...







































