Фото: Пиксабеј

Најмалку две лица загинаа, а уште три се повредени во денешното пукање во Ница – јавува Фигаро.

Инцидентот се случил во западната населба Мулен, само два дена по претходната престрелка во истиот дел од градот, во која тогаш немало повредени.

Според првичните информации, две вооружени лица отвориле оган на централниот плоштад во населбата од моторно возило во движење, по што избегале од местото на нападот.

Полицијата започнала потрага по напаѓачите, а засега не се соопштени детали за нивниот идентитет или можните мотиви за нападот.

Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, остро го осуди вооружениот напад и побара брза реакција од безбедносните служби.