Фото: Маја Јаневска-Илиева

Европската комисија денеска соопшти дека, според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), ризикот од ширење на хантавирусот меѓу европската јавност останува низок, соопшти Европската комисија.

Портпаролот на Европската комисија изјави дека Брисел работи на координиран европски одговор базиран на научни анализи и препораки од здравствените институции.

Тој информираше дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со ситуацијата на бродот „Хондиус“, каде беа регистрирани случаи на хантавирус.

– Подготвени сме да обезбедиме дополнителна поддршка – изјави портпаролот.

Според претходните информации објавени во медиумите, сите патници на бродот се третираат како високоризични контактни лица, како превентивна мерка на Европската агенција за јавно здравје.

Светската здравствена организација и минатата недела оцени дека ризикот од пошироко ширење на вирусот кај населението е низок.