Радиовце и Жеровјане протестираа против загадувањето
Жителите од селата Радиовце и Жеровјане денеска протестираа против дивата депонија што се наоѓа во близина на нивните села која често пати гори, а непријатната миризба и чадот завршуваат во нивните домови. Тие бараат од општините Боговиње и Брвеница, веднаш да ја дислоцираат депонијата во спротивно ќе протестираат секој ден и ќе почнат да блокираат патишта.
Јакуп Мустафи од село...
Димитров бара одговорност од сите политички фактори за решавање на спорот со името
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека за решавање на спорот за името со Грција е потребно лидерство и највисока одговорност на сите политички фактори.
Претседателот Иванов денеска го прими Димитров, а на средбата, како што соопшти МНР, станало збор за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името.
- За...
Бугарија добила барање „Турски тек“ да поминува низ нејзина територија
Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска изјави дека Бугарија добила барање гасоводот „Турски тек“ кон Европа да минува низ нејзина територија.
- Има јасно барање природниот гас од „Турски тек“ наменет за Европа да минува низ Бугарија, изјави Петкова, коментирајќи ја вчерашната средба на бугарскиот премиер Бојко Борисов со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, на која станало збор и...
Општата болница и Здравствениот дом во Кичево ќе се спојат
Денес во посета на Општата болница и Здравствениот дом во Кичево, беше државниот секретар за здравство Владимир Милошев, при што оствари средба со директорката на општата болница и со директорот на здравствениот дом, а имаше средба и со поширокиот колегиум на оваа здравствена установа.
- При денешната посета на Општата болница и Здравствениот дом во Кичево, имаме неколку теми за...
Полицијата апелира до угостителите да ги почитуваат законите
Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе.
Командирот на полициската станица од општина Куманово, Игор Митевски рече дека состанокот има цел да ги информира угостителите за законските обврски,...
Во недела во Мариово ќе се одржат Мариовско-мегленските културни средби
Традиционалните Мариовско-мегленски културни средби ќе се одржат во недела на 3.јуни, во манастирот „Свети Илија“ во Витолиште. Програмата започнува во 9 часот, со посета на спомен костурницата во Витолиште, додека официјалното отворање е во 10 часот, кога на присутните ќе им се обратат претседателот на здружението што ги негува Мариовско-мегленските културни средби, Стојан Ѓуроски и градоначалникот на Прилеп, Илија...
Научна конференција за стогодишнината на Македонскиот фронт
Во Битола, денеска по свеченото отворање на Меморијалниот музеј од Првата светска војна, почна научната конференција Стогодишнината од Македонскиот фронт: 1918-2018 година.
На научната конференција, која ќе трае четири дена, од 30 мај до 3 јуни, научни работници од Битола, Македонија, Романија, Италија, Долна Нормандија ќе презентираат свои научни трудови за стравотиите што ги предизвика Првата светска војна и битките...
Трговски спор меѓу Кина и Шри Ланка се заканува на проектот Еден појас еден пат
Преговорите меѓу Шри Ланка и Кина за договор за слободна трговија денеска беа прекинати, откако двете страни не можеле да постигнат договор откако Шри Ланка инсистирала да има право да го преиспита договореното по истекот на 10 години.
Оваа островска држава е исклучително важен дел од кинеската стратегија за изградба на морски и копнен инфраструктурен коридор до Европа наречен Еден...
Трамп решен да истрае во спречувањето на увозот на германски автомобили во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп има намера во значителна мерка да го ограничи увозот на германски луксузни автомобили, јавува германскиот неделник „Виртшафтвохе“, повикувајќи се на дипломатски извори.
- Толку долго ќе ја задржам својата трговска политика сė додека ниту еден Мерцедес повеќе нема да се вози по Петтата авенија – рече неодамна Трамп за време на посетата на францускиот претседател Макрон...
Келнер претепал гостин во скопски ресторан
Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје.
Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот.
Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







































