Лани работеле 115 телевизии и радија
Јавниот радиодифузен сервис МРТ лани емитувал 23.729 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 42,1 процент се документарна и музичка програма, а приватните телевизии 395.190 часа, во најголем дел или 22,7 проценти играна програма, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со радиодифузна дејност лани во Македонија се занимавале 115 радиодифузери, од кои 64 емитуваат радиопрограма, а 51 телевизиска...
Иванов: Преговарачкиот процес наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас
Претседателот Ѓорге Иванов го прими денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, при што разговарале за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, Димитров усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен...
Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија
Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми.
Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу и потпретседателот на Парламентот, Димитрис Кокалис, сите од Независни Грци во...
Се огласи Меланија: Во Белата куќа сум со моето семејство
Првата дама на САД Меланија Трамп се немаше појавено во јавност по операцијата што ѝ беше направена месецов, па реши да се обрати на јавноста и да објасни дека сѐ е во ред со нејзиното здравје и брак.
Гласините зачестија 20 дена од последниот пат кога се појави во јавност, со претседателот Трамп кога ги пречекаа тројцата Американци ослободени од...
Јотовски се пласираше во осминафиналето на турнир во БиХ
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласира во осминафиналето ИТФ-фјучрс турнирот во Кисељак, Босна и Херцеговина, совладувајќи го квалификантот Карло Краниќ со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).
Во првиот сет нашиот најдобар тенисер направи два брејка за 1-0 и 4-1, додека во вториот, иако губеше со 2-3, врати два брејка, за 3-3 и 5-3 и на свој сервис дојде...
Иновативната инклузивна практика во училиштата на филм
До инклузивност со соработка“ е филм што ја следи интимната приказна на Николина Новакова, ученичка со попреченост во осмо одделение во училиштето
Документарниот филм „До инклузивност со соработка“, што се снимаше во инклузивното ОУ „Св Климент Охридски“ во Охрид, премиерно ќе биде прикажан денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Документарецот, во продукција на здружението „Сината птица“, поддржан...
Пишувањето пред спиење ослободува од лоши мисли
Доколку имате емоционален товар од кој со години не можете да се ослободите и тој само се таложи во вашите мисли, сѐ што треба да направите е пред спиење да го запишете тоа што ве мачи, истакнува американскиот психолог Тим Вилсон во својата нова книга „Изненадувачка нова наука за психолошки промени“.
Методот првпат е разработен од страна на социопсихологот Џеjмс...
По половина век се вратија крштевките и венчавките во Белица
Надежта дека македонските села повторно ќе заживеат се неодамнешните
свечености во Белица, кога се празнуваше заштитникот на селото Александрија
Големиот верски празник, Александрија, во селото Белица, Кичевско, не беше одбележан само со голем црковно-народен собир туку и со крштевка и со венчавка, што во ова преубаво село се случуваат по речиси половина век. Така, Влатко Божиноски во црковниот храм го крсти...
„Дридпен“ со нова доза шарени чудовишта
Давид Ристевски, основачот на брендот „Дридпен“, неодамна ја лансира својата нова продажна колекција „Дридпен самар 2018“. Новата колекција вели дека е обоена во розово, позитивно, храбро, шаренолико и секојдневно. Брендот, чиј заштитен знак се шарените чудовишта, се размножува повеќе од три години. Секое негово дело, секоја илустрација носи со себе своја приказна, а со тоа и своја порака.
- Нешто...
Аида на полна месечина
Четиричинката „Аида“, со либрето на Антонио Гизланцони (1824-1893 г.) е една од најпознатите опери на Џузепе Верди (1813-1901 г.). Праизведена е во Каиро, Египет, на 24 декември 1871 година. Исмаил-паша, тогашниот владетел (кедив) на Египет ја порачал „Аида“ за со неа свечено да ја отвори Кедивската оперска куќа во Каиро, во февруари 1871 година. Иако музиката била во целост...







































