Зголемен лимитот за повлекување средства од банките во Грција

Грчкото Министерство за финансии денеска донесе одлука за олеснивање на контролата на капиталот, со тоа што реши да го зголеми лимитот за повлекување средства од банките во Грција од страна на физичките лица од досегашните 2.300 на 5.000 евра месечно. Со одлуката, како што јави АНА-МПА, исто така сумата на пари во готово што едно лице може да ја изнесе...

ЕУ ќе покрене правна постапка против САД за воведувањето царини

Европската комисија веднаш се огласи со реакција на најавата на САД дека ќе воведат дополнителни царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ, најавувајќи дека утре во Светската трговска организација (СТО) ќе покрене правна постапка за оваа американска одлука. Претседателот на Европската комсија, Жан Клод Јункер нагласи дека е загрижен поради оваа американска одлука. - Укажавме дека сме отворени за...

„Пропаѓањето“ на НАСА

Фотографот Роланд Милер помина 25 години сликајќи ги објектите на Американската вселенска агенција (НАСА), кои биле напуштени по служење на нивната цел. Тој проценува дека околу половина од објектите што ги сликал, веќе исчезнале потполно, во текот на годините.  

Единствениот човек што го одбил Реал, ќе го преземе кралскиот клуб?

Многумина врвни стратези и фудбалери сонуваат да бидат дел од најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, но наводно, постои еден човек што го одбил кралскиот клуб, пропуштајќи ја можноста да го тренира моќниот тим на „кралевите“ исполнет со ѕвезди како што се Луис Фиго, Дејвид Бекам и Зинедин Зидан. Според поранешниот фудбалски агент Марк Роже, станува збор за Арсен Венгер, кој...

Постигнат напредок во разговорите меѓу САД и Северна Кореја

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и севернокорејскиот претставник Ким Јонг-чол постигнаа напредок за време на денешните разговори во Њујорк, чија цел е поставување основа за можна средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и северокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, соопшти претставник на Стејт департментот. - Состанокот помина добро. Постигнат е напредок, изјави високиот претставник на Стејт департментот, по крајот на разговорите,...

Иванов разговараше со Дариесек за билатералната соработка со Франција

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими Женевиев Дариесек, државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Франција. На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Франција. Како што соопшти Кабинетот на Иванов, беше изразено задоволство од континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање. Во контекст...

Бабиш најави дека пак ќе биде назначен за премиер на Чешка

Вршителот на должноста премиер на Чешка, Андреј Бабиш, денеска најави дека чешкиот претседател Милош Земан повторно ќе го именува на премиерската функција, на 6 јуни. Партијата на Бабиш, Акција на незадоволните граѓани (АНО), на парламентарните избори во октомври минатата година, освои 78 пратеници во 200-члениот чешки Парламент. Откако ниту една парламентрана партија не сакаше да коалицира со АНО, во јануари годинава...

Ѓорческа со пресврт оствари нов триумф во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа втора победа на турнирот во Обидош, Португалија. Ѓорческа ја совлада Германката Ана Класен по пресврт, со 5-7, 6-0, 6-4 по сетови на фјучерс турнирот, кој е со награден фонд од 25 илјади долари. Во третото коло, Ѓорческа ќе игра со уште една Германка - Лена Рефер. 

Аркадиј Бабченко: Целта ми беше да останам жив

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, чие инсценирано убиство предизвика многу критики, денеска објасни дека целта на „играта со убиството“ била да остане жив, бидејќи постоела закана по неговиот живот. - Целта ми беше да останам жив и да ја гарантирам безбедноста на моето семејство. Тоа беше мојата прва мисла. Новинарските норми беа последни за кои размислував во тој момент - изјави...

НАТО ја запозна Русија со плановите за претстојна воена вежба

Постојаните претставници на државите членки на Алијансата денеска на првото заседание на Советот на НАТО-Русија во 2018 година, ги запознаа своите руски колеги со детали за претстојната воена вежба на Пактот со учество на 40 000 војници. Предвременото информирање на руската страна има за цел намалување на несогласувањата меѓу НАТО и Русија, како и анулирање на ризикот за неповолни воени...