Канада возврати, ќе ги царини американски стоки

Канада ќе воведе казнени царини во вредност од 12,8 милијарди долари за увоз на редица стоки од САД како одговор на вчерашната одлука на САД за воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто царини за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и од Европската унија. Канадската соодветна мерка ја објави министерката за надворешни работи Кристијан Фриланд....

Владините објекти во Баварија ќе имаат крстови на влезовите

Сите владини згради во Баварија да стават крст на главните влезови Сите владини згради во јужната германска провинција Баварија од денеска се должни да го постават христијанскиот симбол – крст, на влезните зони. - На научните и културните згради како универзитети и музеи и театри се препорачува да стават крст на влезовите - изјави портапрол на баварското Министерство за наука. – Таа...

Анализа: Вучиќ малку зборувал вистина

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на едногодишниот мандат само во девет отсто изјави зборувал вистина и повеќе пати ги пречекорил претседателските овластувања, објавија српски медиуми пренесувајќи анализа на Вистиномер. Повеќе од 90 отсто изјави на Вучиќ во првата година од мандатот биле невистинити, се наведува во анализата. – Од вкупно 33 изјави само девет отсто биле вистинити - наведува Вистиномер...

Македонска поезија објавена во „Литературнаја газета“

Во најновиот, мајски број на книжевниот весник „Литературнаја газета“, орган на Сојузот на руските писатели, објавен е избор од македонската поезија во препев на Олга Панкина, поетеса и раководител на Македонскиот културен центар во Москва. Во изборот е претставена генерацијата што на литературната сцена во Македонија доаѓа во 70-те и 80-те години на минатиот век, објавени се стихови од...

САД: Се надеваме дека Македонија и Грција ќе изнајдат заеднички прифатливо решение

САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор. - Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во...

Венгер не сака да лежи на плажа

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека ќе продолжи со својата кариера и се надева дека ќе добие понуда од врвен фудбалски клуб. - Сега можам да се обидам повторно. Тоа е она што го сакам во животот. Сакам предизвици. Не знам што ќе се случи потоа, но сега сум пред чиста страница и треба да напишам ново поглавје....

Косово ќе лобира низ Европа за визна либерализација

Претседателот на косовското Собрание, воедно и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели, најави дека од идната недела ќе започне лобирањето за поддршка на укинувањето на визите за граѓаните на Косово во Европа, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели објави дека овие активности косовските власти ќе ги реализираат заедно со опозицијата. - Од идната недела, придружуван од претставниците...

Стапуваат на сила американските царини за ЕУ, Мексико и за Канада

Царините што САД најавија дека ќе ги воведат за увоз на алуминиум и челик од денеска стапуваат на сила за Европската Унија, Канада и Мексико, според најавите. Претседателот Доналд Трамп претходно им даде привремена дозвола да ги избегнат царините на ЕУ, Канада и Мексико, но оваа дозвола истекува и нема да биде обновена. Во иднина, извозот на челик од овие...

Сончево и топло

Сончево и топло, попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 8.

Неста Картер го урна олимпиското совршенство на Болт

Спортскиот арбитражен суд (КАС) објави денеска дека на спринтерот на Јамајка, Неста Картер му е одбиена жалбата за позитивниот допинг тест за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Картер трчаше прв во штафетата во која Јамајка го собори светскиот рекорд од 37,10 секунди. Последната анализа на примероците од 2016 година беше позитивна за стимулансот „метилхексанеамин“, поради што е...