Полициска акција против дивите трки со мотори
Поради сомнеж дека организираат и учествуваат во диви трки, полицијата вчера при контрола задржала 10 моторцикли поради сомнеж дека вградиле делови кои не се стандардни. Моторите денеска ќе бидат пратени на вонреден технички преглед.
Како што соопшти МВР, вчера од 19 до 24 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението...
Аманатидис: Ако се согласи другата страна, ќе има договор
Доколку има согласност од другата страна, тогаш ќе имаме договор, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Заменикот на Коѕијас, коментира дека по 11 месеци преговори, по важните средби во текот на мај како меѓу министрите за надворешни работи, така и меѓу двајцата премиери, сега Зоран Заев и Алекис Ципрас го...
Концерт на мешаниот хор „Драган Шуплевски“ во Прилеп
Вечерва во 20.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје, по диригентската палка на Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Моцарт, Брукнер, Денев, Гајдов, Скаловски, Зографски и Прокопиев.
Хорот „Драган Шуплевски” при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Покрај редовните концерти,...
Протести во Никарагва, за едно деноноќие убиени 15 лица
Вкупно 15 лица загинаа, а 199 се повредени за време на протестите во Никарагва во последните 24 часа, изјави министерката за здравство Сонија Кастро.
Очевидци велат дека провладините вооружени групи отвориле оган врз демонстрантите.
Крвопролевањето беше осудено од Епископската конференција на Никарагванската католичка црква како „организирана и системска агресија".
Европскиот парламент ги осуди „бруталните репресии" во Никарагва и повика на предвремени претседателски...
ЕП бара казни за измамниците со километража кај половните возила
Европскиот Парламент(ЕП) со големо мнозинство го изгласа извештајот за манипулација со бројачите на километри при продажбата на користени возила, со кој се предлагаат законски и други решенија за спречување на таа незаконска пракса.
Со извештајот се предлага таквите измами да се третираат како кривично дело во ЕУ.
Европарламентарците предложија и низа препораки за намалување на економската штета од таквите...
Популисти доаѓаат на власт во Италија
Професорот по право Џузепе Конте се согласи да ја предводи новата италијанска коалициска влада, формирана од антиимигрантската десничарска партија „Лига“ и антисистемското „Движење 5 ѕвезди“.
На синоќешната средба, претседателот на Италија Серџо Матарела му го додели мандатот за формирање влада на Конте и тој прифати.
Генералниот секретар на претседателската администрација Хуго Џампети соопшти дека церемонијата на положување заклетва на новата влада...
Грција годинава очекува рекорден број туристи
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција годинава очекува рекорден број туристи, односно 32 милиони гости.
На настан во организација на грчката Туристичка федерација, Ципрас рече дека податоците укажуваат оти приходот од туризмот во 2018 година ќе биде повисок за 12,8 проценти од претходната година.
- Грчката стабилност во регионот кој е ранлив во однос на кризите, помогна за јакнење на...
Промоција на книгата „Бдеењето на Одисеј“ од Драги Михајловски
Новата книга „Бдеењето на Одисеј” на писателот, професор и преведувач Драги Михајловски, ќе биде промовирана вечер во Салон 19,19 во КИЦ.
Книгата е објавена од „Просветно дело“ и е патување во просторот на сеќавањето и реконструкција на неговиот микроуниверзум со помош на личната и колективната меморија врзана за топосот Битола и Битолско.
- Во таа смисла, кажувањето е...
Собранието ќе избира нови министри
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 49. седница на која на дневен ред се избор на нови министри во Владата, заменици министри, а како трета точка на дневниот ред е предлог-одлуката за распишување оглас за членови на Државната изборна комисија.
Премиерот Зоран Заев до Собранието минатата недела достави предлог за нови министри според кој, за нова министерка за...
Попис на населението ќе има во април 2020 година
Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.
Ова го наведува директорот на Државниот...







































