Градското енергетско претпријатие ќе донесе пониска цена на парното
Веста за основањето ново акционерско друштво, кое ќе се занимава со енергетски дејности од страна на градот Скопје наметна многу прашања кај граѓаните. Пред сѐ дали скопјани сега ќе добијат избор и сами ќе одберат од кого ќе се снабдуваат со топлинска енергија, бидејќи тука се и постојните претпријатија БЕГ, топлификацијата „Скопје Север“ и железарската „Енергетика“. Дали со формирањето...
Ѕанакопулос: Без ерга омнес и уставна ревизија нема да има договор
Нема да постои договор доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“.
Во интервјуто Ѕанакопулос објаснува дека во овој момент не постои договор и затоа избегна да навлегува во детали што се однесуваат на евентуалното решение.
- Додека не се договори сė, не...
Скопјанка случајно ранета при грабеж
Со пострелна рана на десната надколеница е повредена 53-годишна скопјанка вчера попладне во Скопје, откако ја погодил куршум испукан од разбојници кои ограбиле кривопаланчанец кој излегувал од зграда на ул. „Руди Чајавец“ и му одзеле 10.000 евра.
Полицијата информира дека вчера во 16:30 часот на ул. „Руди Чајавец“ во Скопје две непознати лица со моторцикл непозната марка, од кои едниот...
Отсега телефонски повик преку паметен ремен без користење телефон
Технологијата овозможува со едноставен допир со прстот на увото да одговорите на телефонски повик
Сега преку паметен ремен лесно можете да одговарате на телефонските повици и да телефонирате со допирање на увото со вашиот прст, наместо со вашиот телефон. Секојпат кога ќе добиете повик на вашиот телефон, а сте зафатени може да одговорите на повикот со едноставно ставање на прстот...
ВАР ќе има и заштита од хакери
Организација на ВАР-системот е исклучително комплексна и бара многу планирање, координација и организација. Секој стадион со оптичка врска ќе биде поврзан со центарот во Москва, ФИФА има и план Б, па судите ќе можат да комуницираат со центарот и со обична земна телефонска линија, но сите елементи на системот ќе бидат и со најмодерна софтверска заштита
Светската фудбалска федерација (ФИФА)...
Дини од леден метан откриени на површината на Плутон
Научници на површината на Плутон откриле пространи дини од зрнца заледен метан, ситни колку песок, кои ги нанел ветрот.
Дините се снимени 2015 година од вселенскиот брод на НАСА, „Нови хоризонти". Зафаќаат 775 квадратни километри и се наоѓаат близу планинскиот венец Ал Идриси Монтес, кој е настанат од замрзната вода, соопштуваат научниците од американската Национална аеро-вселенска администрација (НАСА).
- Иако е...
БM Кисела Вода и Центар се пласираа на екипното првенство
Шаховските клубови БМ Кисела Вода и Центар, двата од Скопје, обезбедија пласман на Екипното првенство на Македонија, во август. Во конкуренција беа четири екипи, кои играа по Бергеров систем на шест табли по меч. Првото место го освои некогашниот повеќекратен првак на Македонија, БМ Кисела Вода (состав: Роландо Кутиров, Сашо Симјановски, Зоран Илиќ, Влатко Петковски, Илија Стошевски, Бранко Пауновски),...
Комбиниран состав за Медитеранските игри
Стручниот штаб на македонската репрезентација го објави поширокиот список со 24 ракометари за подготовките (од понеделник) за настап на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
Со цел креирање на сениорската селекција за во иднина, стручниот штаб одлучи Македонија во Тарагона да настапи во комбиниран состав од сениорската и од младинската репрезентација. Селекцијата од клупата ќе биде предводена од Роберто Парондо, помошникот...
Вонредна состојба во Мексико поради високите температури
Вонредна состојба во 22 од 31 држава воведоа мексиканските власти поради превисоките температури, соопшти националната служба за цивилна заштита.
Вонредна состојба има во 573 општини кои се наоѓаат во државите Долна Калифорнија, Јужна Долна Калифорнија, Сонора, Најарит, Оахака, Чивава, Коаилуа, Дуранго, Сан Луис Потоси, Нуево Леон, Тамаулипас, Веракруз, Гереро, Табаско, Кампече, Кинтана Рио, Јукатан, Чиапас, Колима, Синалоа, Мичоакан и Пуебла.
Во...







































