Вонредна состојба во 22 од 31 држава воведоа мексиканските власти поради превисоките температури, соопшти националната служба за цивилна заштита.

Вонредна состојба има во 573 општини кои се наоѓаат во државите Долна Калифорнија, Јужна Долна Калифорнија, Сонора, Најарит, Оахака, Чивава, Коаилуа, Дуранго, Сан Луис Потоси, Нуево Леон, Тамаулипас, Веракруз, Гереро, Табаско, Кампече, Кинтана Рио, Јукатан, Чиапас, Колима, Синалоа, Мичоакан и Пуебла.

Во некои места во овие држави температурата на воздухот достигнала 45 до 50 степени Целзиусови.

На 30 мај во мексиканскиот главен град беа измерени 31,7 степени, што е највисока температура на овој ден во последните 100 години.