Технологијата овозможува со едноставен допир со прстот на увото да одговорите на телефонски повик

Сега преку паметен ремен лесно можете да одговарате на телефонските повици и да телефонирате со допирање на увото со вашиот прст, наместо со вашиот телефон. Секојпат кога ќе добиете повик на вашиот телефон, а сте зафатени може да одговорите на повикот со едноставно ставање на прстот на увото. Ова е можно доколку се носи таканаречениот елегантен ремен Сгнл, преку кој може да се направат целосно приватни телефонски разговори ако корисникот едноставно само го допре со прст своето уво.

Паметниот ремен работи на едноставен начин, преку поврзување со апликацијата на Сгнл, кој ќе ве поврзе со вашиот паметен телефон. Нема звучник на уредот, наместо тоа звукот се пренесува кон увото преку вибрации што се праќаат преку вашето тело поточно преку вашиот зглоб од раката преку прстите до местото на допир кај увото. Микрофон е вграден во ремчето. Овој концепт не е нов, но во споредба со концептот на блутут-слушалките е дефинитивно подобар. Иако овој концепт првично бил развиен од „Самсунг“, „Иномдли лаб“ ја има развиено оваа технологија и однесено за ниво погоре. Во теорија, ова изгледа како апсурден концепт. Но во практика, се чини дека работи исто како што се промовира. Системот ги одржува разговорите доволно разбирливи и јасни. Иако оваа технологија не е специјално наменета за слушање музика и невозможно е да се слуша музика на ваков начин. Сепак во теорија системот ја поддржува и оваа можност.

Паметниот ремен е компатибилен за надградување. Постои можност доколку сакате да го поврзете со аналоген или паметен часовник или да го користите како фитнес-следач. На ваков начин се овозможува да ја следите вашата активност и да добивате известувања, додека имате целосна приватност на повикот преку допир со прстот. Ременот лесно може да го претвори вашиот класичен часовник во хибриден паметен часовник преку комуникација со прстот. Ова, сепак, не значи дека е дизајниран само за корисници на паметни телефони. Исто така може да го носите самостојно паметениот бренд со тоа што ги задржувате основните карактеристики на ременот.
Добрата страна на овој производ е што е релативно удобен за користење. Прототипните единици што биле користени во минатото биле значително робусни и недоволно оригинални во нивниот изглед. Но конечниот производ всушност е извонреден во однос на неговиот дизајн. Интересот за паметни ремени се чини дека постојано расте. Сгнл-единиците се продаваат за околу 139 долари.