Вуцис: Само со исполнети предуслови, договорот ќе се ратификува во грчкиот Парламент

Атина, 1 јуни 2018 (МИА) - Само доколку се исполнат и завршат сите предвидени услови од договорот, тогаш ќе се ратификува од парламентот, рече претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, во синоќешното интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. Тој не ја исклучи можноста, веднаш по потпишување на договорот да се одржи и расправа во парламентот. -Бидејќи ќе станува збор за ратификација...

Лицата со посебни потреби да се вклучат во создавањето уметност

Според последниот извештај на Европската комисија, ние сме длабоко дискриминирачко општество кога станува збор за лицата со посебни потреби. Во последно време има некое придвижување во насока на подобрување на условите, но тоа се срамежливи чекори и одат многу бавно Во рамките на проектот „Уметност за сите“, кој е поддржан од холандската амбасада во Република Македонија, Националната галерија на Македонија првпат...

Креативниот исход скоро никогаш не е мудар!

Според логиката во светската правна и политичка реалност, тоа име ни припаѓа нам, на Македонците. Заради тоа ни треба мудроста на Соломон, која ќе нѐ доведе до правдата и вистината. Сегашниот наш креативен предлог не ни обезбедува напуштање на тунелот Ирационалниот конфликт ретко обезбедува решение со рационален пристап. Тој бара ирационален, често сличен, односно мудар одговор. Најпрво да укажеме на...

Судски постапки против граѓански активисти

Граѓанската иницијатива „Не да(ви)мо Београд“ соопшти дека српските судски органи поднеле над 30 постапки против нивни активисти поради организирање на протестите за спречување на проектот „Белград на вода“, за што им биле изречени парични казни во износ од 180 илјади динари. Казните за активистите претставуваат обид на актуелната власт да се задуши граѓанскиот отпор, објавија некои медиуми во Србија. - Овие...

Во Македонија лани родени 2.534 вонбрачни деца

Во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2017-та во споредба со претходната година, е намален за 5,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број живородени деца, 51,3 отсто се машки, а 48,7 женски. Најголем број раѓања (1.953) се регистрирани во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо...

Замена на бебиња откриена по 20 години

Поради оваа грешка на болницата во Котор двете семејства бараат милионска отштета Со медицинска истрага едно семејство во приморски град во Црна Гора случајно открило дека пред 20 години нивното бебе е заменето во породилиштето во Општата болница во Котор. По ова сознание, било откриено дека нивното дете расте во фамилија, која исто така живее на приморјето. Овој случај добил и...

Лавови, тигри и еден јагуар побегнале од Зоолошка градина во Германија

Лавови, тигри и еден јагуар побегнале од Зоолошката градина во градот Лунебах, на западот на Германија, јави агенцијата дпа. Според првичните информации, побегнале два лава, два тигра и еден јагуар. Како што јави Франс прес, побегнал и еден мечок, но набргу бил застрелан. Полицијата е во потрага по побегнатите животни, а за АП соопштија дека веруваат оти животните се на територијата...

Од 5 јуни авиони на НАТО над Црна Гора

Воздушниот простор на Црна Гора од 5 јуни ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција, кои почнуваат со авионски патроли над територијата на најновата земја-членка на Северноатлантската алијанса. - Црна Гора нема борбени авиони, а сојузниците ќе ѝ помогнат да се обезбеди воздушниот простор. Како знак на сојузничката солидарност во оваа мисија ќе се вклучат Италија и Грција. Нивните...

Ништењето на Водно – смрт за Скопје

Bо рамките на големите будалштини сега се реди гасоводот по Водно, проект во кој ќе се уништи речиси една третина од телото на планината. Да се постави гасоводот таму е слично како да се имплантира канцер во едното белодробно крило на Скопје како град. Такво нешто мoже да смисли само човек без грам еколошка свест, човек што го мрази...

Престижни студии и работни места за децата на политичарите

Граѓаните на Босна и Херцеговина се свесни дека обемната државна служба служи за вработување на децата и членовите на фамилиите на политичарите Политичарите во Босна и Херцеговина едно зборуваат во јавноста, а друго прават кога е во прашање високото образование на нивните деца, кои по правило студираат на престижни универзитети во странство. За нив и за оние деца на политичарите...