Мачкина трева е украсно растение што изгледа како лаванда и е лесно за одгледување. Природно ги одбива комарците, крлежите и другите инсекти, па затоа е идеално за дворот и терасата. Најдобро расте на сонце, брзо се развива и привлекува пчели и пеперутки. Мачкина трева може да цвета уште напролет, а нејзините ситни цветови и лисја во облик на срце ѝ даваат на градината нежен и декоративен изглед. Стеблата се покриени со меки влакна, а самото растение може да порасне од 30 до дури 120 см, во зависност од видот.
Постојат неколку популарни видови. Обичната мачкина трева има сино-виолетови цветови и најмногу личи на лаванда. Сортата алба има бели цветови и изгледа посуптилно, додека вокерс лоу е препознатлива по своите интензивни сино-виолетови нијанси.
Одгледувањето на ова растение е доста едноставно, па затоа е погодно дури и за почетници во градинарството. Сортите со посветли лисја сакаат повлажна и поплодна почва, како и светла сенка, додека оние со сивкави лисја најдобро се снаоѓаат на целосно сонце и добро дренирана почва. Добро толерира посуви услови, па затоа често се сади во карпести градини или на места каде што другите растенија потешко успеваат. Доволно е да се додаде компост еднаш годишно за да се одржи бујно и здраво. Садењето се препорачува од јуни до септември, со растојание од околу 40 сантиметри помеѓу растенијата. Ако е засадено од семе, најдобро е да се посее напролет, со доволно светлина и блага температура кога ќе ’рти за околу три недели.
































