Македонската женска ракометна репрезентација до 17 години со вечерашната победа над селекцијата на Грција со 18:13 во Скопје обезбеди пласман на Европското кадетско првенство.
Македонските ракометарки го завршија квалификацискиот турнир, кој се играше во спортската сала „Расадник“, со четири бода и како второпласирани во групата обезбедија пласман на континенталниот собир.
Во воведното коло Македонија триумфираше над Косово, а во второто коло загуби од Литванија, која заврши на првото место во групата со максимални шест бода.
Домаќин на Европското кадетско првенство идното лето ќе биде Црна Гора, а на првенството ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации.

































