Фото: Маја Јаневска-Илиева

Судски процес во Корча ја покажува непринципиелноста на Тирана што флагрантно ги одзема и крши правата на малцинствата во Албанија

  • Судскиот случај во Корча отвора поширока дилема – додека Албанија во сопствените судници ја ограничува употребата на македонскиот јазик, неодамна албанската министерка за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали јавно ги поздрави студентите Албанци во Македонија за нивната „демократска артикулација“, односно за тоа што јасно и гласно побараа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Со други зборови, Албанија настојува да обезбеди еднаквост и почитување на мајчиниот јазик за своите граѓани кога тие живеат надвор од државата. Меѓутоа, во самата Албанија ситуацијата изгледа сосема поинаку. Имено, судовите им го одбиваат истото право на Македонците, кои се дел од националното малцинство. Иако Уставот и европските конвенции јасно гарантираат право на преведувач, во практиката тоа право не се обезбедува. Така се создава парадокс што секој човек може лесно да го разбере: Албанија бара еднаквост за своите граѓани во странство, а во сопствената држава, преку судската власт, ригорозно ја ограничува

Во судницата во Корча, Албанија, се случува нешто што на прв поглед изгледа како техничка процедура, но всушност е прашање од суштинско значење. Имено, дали граѓаните имаат право да го користат својот мајчин јазик за да ја разберат правната постапка против нив. Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, побара преведувач на македонски јазик – право што е гарантирано со Уставот и европските конвенции. Судот, сепак, го одби барањето со образложение дека како државјанин на Албанија тој треба да се потпре на албанскиот јазик и на адвокатот. Овој случај отвора поширока дилема – додека Албанија во сопствените судници ја ограничува употребата на македонскиот јазик, неодамна албанската министерка за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали јавно ги поздрави студентите Албанци во Македонија за нивната „демократска артикулација“, односно за тоа што јасно и гласно побараа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Со други зборови, Албанија настојува да обезбеди еднаквост и почитување на мајчиниот јазик за своите граѓани кога тие живеат надвор од државата. Меѓутоа, во самата Албанија ситуацијата изгледа сосема поинаку: судовите им го одбиваат истото право на Македонците, кои се дел од националното малцинство. Иако Уставот и европските конвенции јасно гарантираат право на преведувач, во практиката тоа право не се обезбедува. Така се создава парадокс што секој човек може лесно да го разбере – државата бара јазична еднаквост за своите граѓани во странство, а во сопствените судници ја ограничува.

Реципроцитет: Еднаквост за Албанците во Македонија, но не и за Македонците во Албанија?!

Албанската политика кон јазичните права деновиве добива нова и многу контрадикторна димензија. Од една страна, министерката за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали јавно ги поздрави студентите Албанци во Македонија за нивната „демократска артикулација“ – односно за тоа што јасно и гласно побараа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Таа дури нагласи дека „ова барање е во согласност со правата гарантирани со Уставот и постојното законодавство на Македонија“. Со други зборови, Албанија бара еднаквост и почитување на мајчиниот јазик за своите граѓани надвор од земјата.
Но од другата страна, токму во самата Албанија, судовите им го одбиваат истото право на Македонците што живеат таму. Иако Уставот и европските конвенции јасно гарантираат право на преведувач, судовите не обезбедуваат преведувач на македонски јазик за припадниците на македонското национално малцинство. Така се создава парадокс што секој човек може да го разбере: државата бара јазична еднаквост за своите граѓани во странство, а дома ја ограничува.
– Оваа противречност не е само правно прашање туку и прашање на доверба и праведност. За обичниот човек тоа значи дека ако си Македонец во Албанија и сакаш да ја браниш својата правда на својот мајчин јазик – тоа право ти е одземено. А во исто време, Албанија бара исто право за своите граѓани во соседна држава – велат нашите соговорници, кои се упатени во оваа проблематика.

Судот во Корча како огледало на дискриминацијата

На последното рочиште во Основниот суд во Корча се отвори прашање што оди многу подалеку од една обична судска постапка – прашањето за правото на јазикот и праведноста на судењето. Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, повторно побара обезбедување преведувач на македонски јазик. Тој со јасни зборови истакна дека „иако сум државјанин на Република Албанија со македонска национална припадност, мојот мајчин јазик е македонскиот и правната терминологија ја разбирам поцелосно и попрецизно на овој јазик“. Судот, сепак, го одби барањето со образложение дека како албански државјанин се претпоставува дека го владее албанскиот јазик и може да се потпре на адвокат. Но Стерјовски возврати со силна аргументација: „Фактот дека можам да комуницирам на албански не значи дека ја владеам правната терминологија. Правото на преведувач не е само за говорење туку за целосно разбирање на обвинението и постапката. Одбивањето преведувач е спротивно на европските стандарди“.
Во поднесеното барање до судот се нагласува дека улогата на адвокатот и улогата на преведувачот не се исти и не можат да се заменат една со друга. Адвокатот е таму за да советува и да брани, додека преведувачот обезбедува директна јазична комуникација – мост меѓу човекот и правниот систем. „Адвокатот не може да го замени преведувачот“, стои во документот, со што се подвлекува суштинската разлика меѓу правна стратегија и јазично разбирање. Партијата МАЕИ остро предупредува дека одбивањето да се обезбеди преведувач претставува „директно кршење на уставните и меѓународните гаранции за правично судење, со што се нарушува правото на одбрана и принципот на еднаквост пред законот“. Барањето веќе е доставено до највисоките државни институции – албанскиот државен врв, судските инстанци, комесарот за заштита од дискриминација и народниот правобранител.
– Овој случај не е само правна расправа туку симбол на пошироката борба за еднаквост и достоинство. Тој отвора прашање што секој граѓанин може да го разбере: дали државата ќе им дозволи на луѓето да ја бранат својата правда на јазикот што најдобро го разбираат – нагласуваат познавачите на оваа проблематика.

Право на преведувач – европска гаранција што Албанија ја игнорира

Експертите го оценуваат случајот во Корча како класичен пример на двоен стандард – една политика за надвор, друга за дома. Еден меѓународноправен аналитичар нагласува дека „Албанија инсистира на јазични права за Албанците во Македонија, но истовремено ги одзема истите права на Македонците дома. Европската конвенција за човекови права е јасна – правото на преведувач е суштински дел од правичното судење“. Со други зборови, она што Албанија го бара од соседите, самата не го применува во сопствените институции.
Истражувач за човекови права додава дека правната терминологија е многу сложена и не може да се сведува на секојдневно владеење на јазикот.
– Одбивањето преведувач за Македонците е дискриминација по етничка основа и спротивно на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства – вели тој, потсетувајќи дека меѓународните документи јасно бараат заштита на малцинствата и нивните права.
Адвокат специјалист за кривична постапка предупредува дека судот не може да ја префрли одговорноста на адвокатот.
– Адвокатот е за правна стратегија, преведувачот е за јазична комуникација. Одбивањето преведувач е директно кршење на членот 6 од Европската конвенција – истакнува тој, со што ја нагласува суштинската разлика меѓу правна одбрана и јазично разбирање.