На 4 јуни, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт на Националниот џез-оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на „Џез стрим фестивал“. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на Биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин.
Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез-оркестар во Струмица и почеток на „Џез стрим фестивал“ – нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез-програма и свежа музичка енергија во градот. Влезот за концертот е бесплатен, а билетите може да се резервираат однапред.


































