Премиерот Зоран Заев истакна дека за предлогот Република Илинденска Македонија, во спорот за името со Грција, веќе нема да се дебатира, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Одговорот на Заев уследи по барањето од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тој да каже какви можни предлози за имиња на Македонија прифатил, да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за употреба и внатре и надвор од земјава.

Премиерот уште еднаш ја нагласи и потребата за референдум по ова прашање.