Совршено невреме
Американскиот фотограф Дастин Фарел, опремен со камерата „Фантом Флекс 4“ која може да забележи илјада слики во секунда, патуваше низ САД за да ги прикаже молњите и грмотевиците од поинаква перспектива, во рамки на неговиот проект „Трансиент“, што значи променливо, краткотрајно.
Егзотиката на возниот парк на скопските пожарникари
Долго време од своето постоење, одржувачите на хигиената во градот и пожарникарите биле под ист покрив и заемно си помагале. Подоцна, кога се купени првите пожарникарски автоцистерни, користени се и за полевање на улиците. Во 1911 година „Чистачката колона“ се зголемила и била позната под името „Белегзија“
Противпожарната заштита е од исклучително значење, како за Скопје така и за Македонија,...
Транснистрија – земјата што не постои
Мало парче земја на источната граница на Молдавија со Украина се оддели од матичната држава, прогласувајќи независност по падот на Советскиот Сојуз во 1990 година. Потоа следеше четиримесечна војна со околу 700 жртви, по која Молдавија не се меша во внатрешните работи на регионот познат како Транснистрија, или Приднестровие, но и натаму не ја признава неговата независност (не е признаена...
Царината електронски ќе ја определува вредноста на увезените половни возила
Вредноста на увезените половни возила од вчера во Царината ќе се пресметува електронски. Електронски систем што од вчера е пуштен во работа ќе ја определува врз основа на внесување на бројот на шасијата на возилото.
Ова го соопшти директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски.
- Со ова електронско определување на вредноста на моторното возило се овозможува транспарентност и...
Османи и Малмстром на средба за последиците од американските царини
Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи в четврток во Брисел ќе оствари средба со еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром, на која ќе се разговара за последиците од американските заштитни царински мерки против извозот на челик и алуминиум.
Одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за воведување царини кон нејзините трговски партнери може да ја погоди и Македонија, го предупредија вчера...
СБ не прифати две алтернативни варијанти на резолуција за осуда на насилството во Појасот Газа
Советот за безбедност на ОН не прифати две алтернативни варијанти на резолуција за осуда на насилството во Појасот Газа.
Само САД гласаа „за“ за својата предлог-резолуција за осуда на движењето Хамас за настаните во палестинската енклава во последните недели. Претходно, САД ставија вето на предложениот од Кувајт алтернативен текст кој осудува употреба на сила од страна на Израел против палестинските цивили...
Иванов побара од премиерот да му ја достави документацијата за преговорите
Претседателот Ѓорге Иванов вчера побара од премиерот Зоран Заев да му ги достави предлогот за водење преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.
- Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го охрабрува претседателот на Владата на...
Заев: Граѓаните ќе бидат уверени дека сме на вистинскиот пат
Една година од формирањето на владата на премиерот Зоран Заев, Собранието вчера расправаше за избор на нови министри, при што Заев во своето експозе истакна дека Македонија е на вистинскиот пат, се движи во добра насока и оти во тоа ќе бидат уверени сите граѓани знаејќи дека, како што рече, ни претстојат сериозни реформски активности и реализација на големи...
Што значат странските воени бази за Европа и за регионот
Државите од Европа, па дури и од најблиското соседство на Македонија, иако под безбедносен чадор на НАТО, сепак, посакуваат и бараат американско воено присуство на својата територија, при што некои од нив се подготвени дури и дебело да платат за тоа
Во моменти кога Македонија пробува дипломатски, обидувајќи се да го надмине спорот за името со Грција, да ја осигури...
Јанкулоска бара остварување на нејзините права преку отворено писмо
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во повеќе случаи, денеска побара „остварување на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените”, преку отворено писмо до министерките за правда и за труд и социјала Рената Дескоска и Мила Царовска.
Јанкулоска, која е во поодмината бременост, смета дека нејзините права се грубо повредени,...







































