Сообраќајот пред Владата затворен поради митинг
Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен поради најавениот политички митинг од 20 часот, соопштија од МВР.
Од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.
Од МВР информираат дека возилата на јавниот градски...
„Оффест“ почна со „Јупитер и Оквес“ од Конго
Шестчлениот бенд „Јупитер и Оквес“ од Конго завчера вечерта го отвори 17-то издание на „Оффест“, на кој до 5 јуни ќе има пет концертни вечери со вкупно десет изведувачи. Групата „Јупитер и Оквес“, предводена од вокалот Јупитер Боконџи, вторпат беше гостин на овој фестивал. Негуваат доминантен румба-стил, но истовремено и повеќе други ритми и стилови. Поврзувајќи ги музичките традиции...
Бади Холи: трагичниот херој на вистинскиот рокенрол
Името Чарлс Хардин Холеј ретко кому му е познато. Но, неговиот псевдоним Бади Холи е испишан со големи букви во историјата на рокенролот. Бади Холи е музичар, пејач, текстописец, композитор од САД, кој во 1950-тите години се стекнал со голема слава. Роден е во малото населено место Лабоку, Тексас, основано од страна на Квекерите во 1879 г. Тоа е...
Втор повик за млади уметници на програмата „Инкубатор“
Млади уметници на возраст од 16 до 30 години можат да аплицираат на вториот јавен повик на програмата „Инкубатор“ на културниот центар „Интерарт“. На отворениот повик уметниците можат да аплицираат во три невербални категории - музика, танц и визуелни уметности. Сите пријавени кандидати треба да приложат кратка биографија, а соодветно на посебните категории треба да исполнат технички критериуми достапни...
Македонска поезија во московска „Литературнаја газета“
Во најновиот, мајски број на книжевниот весник „Литературнаја газета“, орган на Сојузот на руските писатели, објавен е избор од македонската поезија во препев на Олга Панкина, поетеса и раководителка на Македонскиот културен центар во Москва. Во изборот е претставена генерацијата што на литературната сцена во Македонија доаѓа во 1970-тите и 1980-тите години, објавени се стихови од Ефтим Клетников, Веле...
Скопјанец пронајден мртов во неговиот автомобил
Маж на возраст од 56 години вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил на паркинг од хотел во Скопје.
Од МВР соопштија дека од Итната медицинска помош било пријавено дека на паркингот од хотел во Скопје во неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици бил пронајден починат Ј.К. (56) од Скопје.
Од страна на лекар била констатирана смрт. Бил...
Битолскиот театар на фестивал во Црна Гора
Народниот театар од Битола учествува на Фестивал на националните театри од регионот во Подгорица со претставата „Коцкар“ од Ф.М. Достоевски, во режија на Дејан Пројковски. До 8 јуни на ова прво фестивалско издание, кое има ревијален карактер, ќе бидат одиграни актуелни и најзначајни продукции и од театрите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и од Црна Гора.
Во „Коцкар“...
„Остен“ ги обедини карикатуристите 50-ти пат
Добитник на првата награда за карикатура е Белом Жан-Лоик од Франција, Лука Лагатор од Црна Гора е првонаграден за сатиричен цртеж, додека Ратко Маричиќ од Хрватска е добитник на првата награда за стрип
На изложбата на 50-то издание на „Светската галерија на карикатури“, во организација на „Остен“, отворена завчеравечер во Музејот на градот Скопје се презентирани 792 дела од годинашните...
Девојче силувано од татко на нејзината другарка
Единаесетгодишно девојче вчера било силувано од таткото на нејзината другарка.
Како што соопшти МВР, во Полициската станица Прилеп, А.Х. пријавила дека на 31 мај 2018 година околу 9 часот нејзината 11 годишна ќерка отишла на гости кај нејзината другарка каде што од страна на таткото на другарката Р.Ч. (39) и биле извршени полови дејствија.
Силувачот бил приведен во полициска станица. Бил...
Директорите на јавни претпријатија се најплатени
Највисоките државни раководители на Косово не се меѓу најплатените службеници во земјата. Тие што примаат највисоки плати, до над пет илјади евра се директорите на јавните претпријатија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Најдобро платен и натаму е директорот на Фондот на пензискиот фонд на Косово, Адриан Зали, кој има плата што е 15 пати повисока од просечната косовска плата....







































