Тинејџерка планирала напад оти не станала „џихад невеста“

Тинејџерка од Лондон денеска е прогласена за виновна за планирање на напад врз Британски музеј, што имала намера да го стори бидејќи не успеала да стане „џихад невеста“. Поротата 18 годишната Сафа Булар ја прогласи за виновна за планирање на дело-тероризам. Сафа се обидела да појде во Сирија и да се омажи за борец од Исламска држава, но кога нејзиниот обид...

Трамп: Имам законско право самиот да се помилувам

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека не направил ништо лошо, но смета дека има законско право да се помилува себеси доколку се докаже дека се мешал во истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година. – Според бројни правници, јас имам апсолутно право да се помилувам себеси, но зошто тоа да го направам ако не сум направил...

Дешамп се откажа од услугите на Марсијал, Лаказет и Бензема

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп денеска го објави конечниот состав од 23 фудбалери на кои ќе смета за Светското првенство во Русија, кое започнува за 10 дена. Неколку врвни ѕвезди не успеаја да се најдат на конечниот список, откако Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед), Александер Лаказет (Арсенал) и Карим Бензема (Реал Мадрид) ќе го следат Светското првенство...

Серена Вилијамс се повлече од „Ролан Гарос“

Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека се повлекува од „Ролан Гарос“ пред натпреварот од четвртиот круг што требаше да се одигра денеска со Марија Шарапова. Серена објави дека причините за повлекувањето ќе бидат откриени на прес-конференција. Таа неодамна се врати на теренот по породувањето во септември минатата година. За неа, Ролан Гарос беше првиот Гренд-слем турнир по скоро една...

Ѕанакопулос: Никој не бара повторно отворање на преговорите

Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, повтори уште еднаш портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио 247, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите. - Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една...

Шилегов: Приоритет секогаш ќе бидат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз

Приоритет секогаш ќе бидат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој денеска учествуваше на панел дискусија на конференцијата за безбедност на патиштата. - Едно од главните предизборни ветувања на кое што заеднички ставивме потпис со некои од иницијативите денеска присутни овде, беше дека секоја нова улица или булевар во Скопје ќе биде градена со задолжителни пешачки...

Укината ослободителната пресуда за Насер Ориќ

Апелациониот совет на Судот на БиХ донесе одлука со која се укинува ослободителната пресуда на воениот командант на Армијата на БиХ во Сребреница Насер Ориќ, јави агенцијата Срна. Истиот извор наведува дека била уважена жалбата на обвинителот Мирослав Јањиќ во предметот „Насер Ориќ“ во врска со неусогласеноста меѓу јавно објавената и напишаната пресуда. Ориќ беше обвинет за воени злосторства врз Србите...

Премиерот на Јордан поднесе оставка

Премиерот на Јордан, Хани ал Мулки поднесе оставка денеска по состанок со кралот Абдула Втори. Целта е да се намали незадоволството од економската политика на Владата поради кое имаше најмасовни протести во државата. Ал Мулки објави дека оставка поднесува и целата Влада.

Летна акција за собирање електричен и електронски отпад во Ѓорче Петров

Во општина Ѓорче Петров денеска почна летната акција за бесплатно собирање електричен и електронски отпад од домовите. Акцијата се спроведува во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“. Она што треба да го сторат жителите на општината е да свртат на телефонскиот број 070/236-000 по што бесплатно ќе биде преземен електронскиот или електричниот отпад од прагот на нивниот...

Потребни се повеќе жени на раководни места во енергетиката

Жените инженери иако како студенти покажуваат подобар успех потешко стасуват до раководни места во Македонија, особено во енергетскиот сектор. Затоа е потребно тие да се мотивираат да бидат поупорни во обидите да се вклучат во оваа традиционално машка професија, беше речено на денешната Втора меѓународна конференција „Жени во енергетика 2018”. Причините за ова, како што рече професор Христина Спасевска, претседател на...