Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ванчо Апостолов, поранешен градоначалник на општина Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
- Во периодот од 2014 до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Неготино, спротивно на Законот за работни односи и Правилникот за плати, надоместоци на плати и други...
Филмот „Види ја ти неа“ ќе се прикажува на Палм Спрингс
Краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски ќе биде прикажан на Интернационалниот филмски фестивал Палм Спрингс во САД и Филмскиот фестивал во Сиднеј, Австралија.
Палм Спрингс е најголемиот настан за кратки филмови во Северна Америка и добива околу 4.200 апликации од над 100 земји низ целиот свет. На овогодинешното издание во 90-минутни тематски програми ќе...
Ќе воведе ли Штип јавен градски превоз?
Општина Штип прави анализа за воведување јавен градски превоз. Се собираат информации од општините, каде што веќе функционира. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека имаат неколку решенија за воведувањето на јавниот градски превоз.
- Ќе ви кажам неколку опции. Дали е најисплатлива да се склучи договор со приватна компанија, која што ќе врши градски превоз или дали да...
Дескоска: Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши
Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, изјави денеска по преземањето на функцијата министерка за правда Рената Дескоска, прашана за писмото од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во кое се обраќа за повреда на нејзините права во судењето за предмет на...
Одржан првиот Иновативен Форум „Со иновација до здрава нација“
Во Скопје се одржа Иновативниот Форум под мотото „Со иновација до здрава нација“, кој за прв пат се организира во Р. Македонија од страна на Асоцијацијата на претставниците на странските производители на иновативни лекови – ФАРМАБРЕНД НОВА и Здружението за фармакоекономија и истражување на исход од терапија ISPOR Македонија.
Главна цел на овој форум беше споделување искуства, предизвици и можности...
Ципрас – Вартоломеј: Да се решат разликите за да постои соработка
Црковниот аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција, беше една од темите за кои разговараа грчкиот премиер и Вселенскиот патријарх на нивната 80-минутна средба во премиерската палата.
Алексис Ципрас ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за надминување на проблемот, додека пак Вартоломеј рече дека работат на сеправославна обединетост и соработка.
- Би сакал да ги поздравам вашите обиди за позитивно решавање...
Кари му е зад петиците на Ален
Кошаркарите на Голден стејт вориорс го зголемија водството во финалето на плејофот во НБА-лигата против Кливленд кавалирс на 2-0. Актуелниот шампион на свој паркет славеше поубедливо отколку во првиот меч, сега со 122-103 (четвртини: 32-28, 27-18, 31-34, 32-23).
Сите аплаузи, сепак, на крајот ги собра Стеф Кари, кој со девет тројки (од 17 шута) стана нов рекордер по бројот на...
Влатко Стефановски трио и Дино Милосављевиќ – ѕвезди на „Друм дум фест“ во Лесковац
Љубителите на ритамот и на квалитетната музика и верната публика на единствениот фестивал на тапанари на Балканот „Друм дум фест“, што се одржува во Лесковац, Србија во јули, и оваа година ќе имаат можност бесплатно да уживаат во мајсториите на најдобрите тапанари од регионот. Наспроти преполовениот буџет, фестивалот и годинава ќе биде под ведро небо и отворен за сите...
Дескоска ја презема функцијата министер за правда
Новата министерка за правда Рената Дескоска денеска по преземањето на функцијата од нејзиниот претходник Билен Саљији, најави дека нејзина првенствена заложба ќе биде подобрување на состојбата на граѓаните со остварувањето на нивните права и реформите во судството.
- Еден од првите приоритети е измена на Законот за извршување со цел да се овозможи поправеден систем со помали трошоци во постапките пред...
Групата „Офичина Зои“ ги пренесе духот и темпераментот на Саленто
Ритамот, емоциите и енергијата со која нѐ заплиснаа членовите на овој уникатен состав, наидоа на одек во публиката, која реагираше со аплауз, но и со танцување
Третата фестивалска вечер на годинашниот „Оф-фест“, што се одржа во саботата во Младинскиот културен центар во Скопје, беше најбогата со настапи. Вечерта ја отвори групата „Офичина Зои“ од Италија, чиј концерт во киното „Фросина“...







































