„Стрежево“ подготвено за сезоната за наводнување
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола е целосно подготвено за сезоната за наводнување. Во акумулацијата на „Стрежево” во моментот се акумулирани вкупно 105.000.000 кубни метри вода, што е гаранција дека во летниот период ЈП „Стрежево” од Стрежевското Езеро ќе може да ги задоволи потребите не само за наводнување на површините на ЗК „Пелагонија“, кои се опфатени со системот, туку и...
Недоволната искористеност на средствата од ИПА фондовите
Тетово е една од општините каде се прават проекти со пари од Инструментот за претпристапна помош (ИПА фонд) на Европската унија, но истражувањата на невладините организации покажуваат потреба локалните самоуправи да ги зголемат капацитетите во насока на привлекување на уште повеќе од овие средства. Степенот на искористеност е ниска, а за да биде повисока треба повеќе да се учи...
Промоција на „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Баковска
Вечерва во 20 часот во „Јавна соба“ ќе се одржи промоција на книгата „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска, во издание на „Блесок“. За книгата, која содржи текстови напишани во периодот од 2005 до 2016 година, ќе говори Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе чита Тихомир Јанчовски.
Елизабета Баковска дипломирала и магистрирала на филолошкиот факултет „Блаже Конески“,...
Драмите на Трајче Кацаров го освојуваат Балканот
По изведбата на пиесата „Со вкус на овошен сладолед“ на Кацаров, во Сремска Митровица, утревечер белграѓани ќе можат премиерно да ја погледнат неговата претстава „На клупата“. И неговото дело „Чекачот“ е дел до официјална селекција на театарски фестивал во Република Српска
Драмата „На клупата“ на македонскиот драмски писател Трајче Кацаров утревечер ќе биде премиерно изведена на сцената на културниот центар...
Како да ја елиминирате потребата за благо
Колумбискиот Универзитет во Њујорк разработува методи и начини за тоа - како да ја елиминираме потребата за благо. Експериментот веќе дал позитивни резултати кај заморчињата, објави „Мирор“.
Истражувањето посочува дека ако се прекинат сигналите што рецепторите на јазикот ги испраќаат кон амигдалата - дел од мозокот одговорен за вкусови, потребата за јадење благо, се намалува.
- Така, кога ќе каснете од омиленото...
Изложбата „Македонска џез-тетика“ на „Скопје синема сити“
Покрај филмската програма, филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ најавува и претфестивалска програма на 6 јуни од 19 часот, која вклучува изложба на фотографии на истакнати македонски џез-музичари, на Татјана Ранташа насловена „Македонска џез-тетика“. Како дел од изложбата, свој настап ќе има квинтетот на Гоце Стевковски.
Татјана Ранташа е реномирана фотографка, која зад себе има над 15 години искуство и тоа...
Достапен нов лек за лицата заболени од мултипла склероза
Нова надеж за лицата со мултипла склероза во Р. Македонија е пристапот до новиот иновативен, биолошки лек, Окревус (ocrelizumab) за лекување на активни форми на релапсна мултипла склероза и прв и единствен лек одобрен во светот за третман на лица во рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза.
Окревус e лек на фармацетската компанија „Рош“, кој овозможува значителна супресија на...
Српска изложба во Италија осигурена на 50 милиони евра
Италијанците се одушевени од српската изложба „Богатството и царевите - раскошот на римска Србија“, отворена во палатата „Меизлик“ во градот Аквилеја во Италија. Претставени се 61 експонат од Србија, кои се осигурени на 50 милиони евра.
Директорот на фондацијата „Аквилеја“, Кристијано Тиуси, истакнува дека посетителите на поставката се фасцинирани од предметите од српските музеи и се изненадени кога ќе видат...
Нафтата падна поради зголеменото американско производство, плановите на ОПЕК
Цената на нафтата забележа пад при отворањето на неделното тргување денеска, и покрај наближувањето на летото со вообичаено повисоката побарувачка во овој период. Брент нафтата се продава за 75,53 долари за барел, што претставува пад од 1,26 долари, додека лесната сурова американска нафта се продава за 65,41 долар за барел - пад од 40 центи.
Причина за падот на цената на...
Прилепскиот музеј има жртвеник стар осум илјади години
Еден од највредните експонати на Завод и музеј - Прилеп во археолошката поставка е жртвеникот пронајден на локалитетот Врбјанска Чука кај селото Славеј, стар околу 8.000 години, кој во оваа институција од овој локалитет е пренесен во далечната 1982 година
Во 2011 година беше извршено реновирање на археолошката поставка во Завод и музеј - Прилеп и таа денес претставува една...







































