Полицијата бркала престапник, влетала во змиско дувло (видео)

Полицијата во САД пронашла над стотина змии, глувци и други мали животни, меѓу кои некои и мртви, во подрум на куќа во Вест Бенд, Висконсин. Полицијата животните ги открила додека вршеле истрага за осомничен за сексуален напад. Властите на Вест Бенд соопштија дека полицајците во таа куќа пронашле 160 змии, повеќе од 250 глувци, како и гуштери и жаби. Змиите биле...

Царовска: Јанкуловска, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон

Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за повреда на нејзините права во судењето за предмет...

Црна Гора нуди повеќе од плажа и од сонце

Црна Гора не нуди само море и сончање туку и нешто повеќе во споредба со другите земји од регионот. Ние сме мала територија, која има содржини за сите категории туристи, велат туристичките организации од ЦГ Црна Гора е меѓу најбрзите растечки туристички дестинации во светот. Оваа мала земја сместена на јужниот дел од Јадранско Море во изминатите години беше идеално...

Преку Еуролинк 150 учесници во „Мапа на културата“ го запознаа Галичник

Како дел од туристичката прошетка насловена „Мапа на културата“, во саботата 150 учесници го посетија Галичник. Прошетката ја организираше Еуролинк осигурување. Планинското село што лежи на надморска височина од 1150 до 1450 метри е убаво во сите годишни времиња, а ги фасцинира посетителите и со својата автентична македонска архитектура, со богатото културно наследство и со восхитувачките пејзажи. Посетителите на бесплатната еднодневна...

Србите работат на сопствен електричен автомобил

Главниот дел за е-автомобилите се батериите и експертите во Србија токму овде ја гледаат шансата за поголемо вклучување во изработката на возилата на струја Инвестициите во развојот на електрични автомобили и батерии на светско ниво достигнуваат 90 милијарди долари, а некои од нив почнаа да се прелеваат и во Србија. Фокусот кон овој индустриски сектор беше насочен во февруари годинава,...

Европските знамиња на половина копје за Лиеж

Знамињата пред седиштето на Европската комисија денеска и утре ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на сочувство со жртвите на нападот во Лиеж на 29 мај. Претседателот  на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер минатата недела испрати писмо со сочуство до белгискиот државен врв, потврди портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.

Патот од Неготино до Демир Капија готов до средината на јуни, во обратен правец до август

До средината на јуни се очекува да биде пуштен патот од Неготино до Демир Капија, а кон почетокот или крајот на август обратната делница од Демир Капија до Неготино. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска изјави дека направени се 6,5 километри од вкупно 8,5 километри од Неготино до Демир Капија, но оти на оваа делница во...

Путин: Немаме цел да предизвикаме поделби во ЕУ

Русија е заинтересирана за обединета Европа и не се обидува да ја подели, изјави рускиот претседател Владимир Путин. - Ние немаме цел да предизвикаме поделби во ЕУ. Напротив, ние сме заинтересирани за обединета и напредна ЕУ, со оглед на тоа што Унијата е наш најважен економски и трговски партнер, изјави Путин во интервју за австриската телевизија ОРФ пред посетата на...

Бабунски останува тренер на Вардар

Бобан Бабунски и следната сезона ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар, соопштија „црвено-црните“ преку својата веб страница. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето сезона 2018/2019. - Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот...

Македонија заостанува зад Европа во безбедноста на сообраќајот на патиштата

Македонија заостанува зад европските држави во однос на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Анализите покажуваат дека во земјите од Европската унија во просек има 5,2 жртви во сообраќајот на 100.000 жители, а во Македонија 7,1 жртва на 100.000 жители. Поради тоа од надлежните институции најавуваат наесен формирање извршно тело за безбедност на патиштата во кое ќе членуваат претставници од надлежните институции. Негова...